Дрон погоди автобус, полн со работници- најмалку деветмина загинати во напад во Украина - Канал 5

Дрон погоди автобус, полн со работници- најмалку деветмина загинати во напад во Украина

Руско беспилотно летало погоди автобус кој превезувал вработени во компанијата во градот Марганец, во украинската област Днепропетровск, при што загинале девет лица, а 30 се повредени, соопштија локалните власти.

Дрон погоди автобус, полн со работници- најмалку деветмина загинати во напад во Украина

Оваа вест ја соопшти шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск, Сергеј Лисак, преку Телеграма, наведувајќи дека „агресорот го нападнал Марганец со дрон камиказа“, објави Укринформ.

Според првичните информации, во нападите загинале седум лица, а шест се повредени, но бројот на жртвите подоцна бил зголемен.

Претседателот на регионалниот совет на регионот Дњепропетровск, Никола Лукашук, потврди дека цел на нападот бил автобус кој превезувал работници кои патувале на работа.

„Русите нападнаа автобус со вработени. Цел на беспилотно летало камиказа беа цивили. Има мртви и повредени“, напиша Лукашук.

Тој подоцна ги потврди конечните бројки.

Според агенцијата Укринформ, руските сили истовремено извршиле напади и врз други делови на реонот на Дњепропетровск, вклучувајќи ги и областите во Украина, Синелников и Никопол, каде има ранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница

Во болница со воспаление на мозокот предизвикано од западно нилска треска лежат дваесетина пациенти.

Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница

Во болница со воспаление на мозокот предизвикано од западно нилска треска лежат дваесетина пациенти, од кои за тројца, иако се клинички позитивни, се уште се чекаат резултатите, а освен во Скопје има и прв потврден случај од Куманово, информираат здравствените власти. Шестмина од хоспитализираните се интензивно лекување, дел од нив со недели се на апарати за дишење, а вкупниот број на случаи се искачи на 53. Засега не се дава оценка дали најлошото помина или допрва не очекува нов бран, но сепак Министерот Клековски смета дека има добри индикатори дека прскањата особено од копно даваат резултати, бидејќи во местото кое се сметаше за најголемото жариште – Драчево веќе трета недела нема нови случаи. Во однос на тоа зошто лани имавме два, а годинава досега 50 тина случаи Клековски вели дека вирусот е непредвидлив.

-Нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени. Во сите претходни години заедно во земјава биле регистрирани 54 случаи и пет смртни исходи, додека годинашната бројка веќе се приближува до тој вкупен биланс.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Со цел зголемена транспарентност но и граѓаните да се информираат за жариштата од релевантни извори за состојбите во реално време, жариштата и бројот на случаи, објавена е нова веб страница healthalert.mk што претставува интерактивна мапа.

Поради тоа што имуносупресивната терапија или лекови што го потиснуваат или ослабуваат имунолошкиот систем и најчесто ги користат луѓе со трансплантирани органи и одредени автоимуни заболувања, знае да даде лажно негативен тест за западно нилска треска, матичните лекари и дел од Клиниките добиле и упатство за постапување доколку се појават симтоми на вирусот кај ваквите пациенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден реализираше проект за реконструкција и модернизација на водоводната мрежа долж улица „9“, со цел да се обезбеди посигурно, поефикасно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на општината.

Општина Илинден: Реконструирана водоводната мрежа долж улица „9“ во н.м Илинден

Во рамки на проектот е изградена нова главна водоводна линија со вкупна должина од околу 1.200 метри, со која ќе се обезбеди постабилен воден притисок, намалување на хидрауличките загуби и поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во летниот период кога потрошувачката на вода е зголемена.

За поефикасно управување и одржување на мрежата, долж трасата се поставени нови јазли, приклучни точки и затворачи. Тие овозможуваат одделни делови од водоводната мрежа да се изолираат при евентуални дефекти или сервисни интервенции, со што се намалува потребата од прекини во водоснабдувањето на поголем број корисници.

Со реконструираната водоводна мрежа се унапредува и противпожарната заштита во овој дел од општината. На новата линија се поставени вкупно 20 нови противпожарни хидранти, од кои 10 подземни и 10 надземни, со што се обезбедува подобра достапност до вода за потребите на противпожарните интервенции долж целата траса.

Со реализацијата на проектот ќе се подобри водоснабдувањето на улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 9, 11, 13, 15, 19, 24, 26, 28, 30, 32, 34, 35 и 36 во населено место Илинден, како и водоснабдувањето во Стопанскиот комплекс Илинден и во дел од населеното место Марино, со постабилен притисок и проток, намалени загуби и помал ризик од дефекти и прекини. Со ова, Општина Илинден продолжува со унапредување на комуналната инфраструктура и создавање посигурни услови за жителите.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрага

Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа.

Германска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрага

Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот.

„Volksbank Köln Bonn“ му го одобрила заемот на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ во Келн.

Проституцијата е легална во Германија.

Во јули, банката ангажирала адвокатска канцеларија за независно истражување на трансакцијата, вклучително и дали некој член на управниот одбор можеби лично профитирал од зделката. Деталите за заемот не се обелоденети.

„Volksbank Köln Bonn“ одби да ја коментира истрагата на BaFin. Банката изјави дека го смета членот на одборот за невин сè додека не се утврдат сите околности и напомена дека тој ќе остане на отсуство додека не заврши проверката.

Адвокатот Маркус Лемкулер изјави за „Ројтерс“ дека го застапува членот на одборот Јирген Нојтгенс, кој ја извршува таа функција од 2018 година.

Според извор запознаен со случајот, BaFin ја истражува можноста дека на Нојтгенс му била исплатена провизија во врска со заемот. Ројтерс не успеа да утврди на кого и за што била исплатена наводната провизија. „Мојот клиент во ниту еден момент не примил никаква исплата“, напиша Лемкулер како одговор на прашањата од Ројтерс.

Тој додаде дека очекува истрагата да покаже оти обвинувањата против неговиот клиент се неосновани. Банката покрена внатрешна истрага по извештаите во германските медиуми за заемот.

Германските „Фолксбанки“ (Volksbanken) се задружни банки во сопственост на нивните членови и претставуваат важен дел од финансискиот систем на најголемата европска економија.

Тие ретко одобруваат кредити за странски инвеститори и генерално избегнуваат деловни активности што би можеле да ѝ наштетат на нивната репутација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер