1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветПодеста: Предуслов за укинување на санкциите кон Русија е прекин на инвазијатаПредуслов за укинување на санкциите кон Русија е прекин на инвазијата и повлекување на руските сили од Украина.Еден од главните предуслови за олеснување или укинување на санкциите на ЕУ кон Русија е прекин на руската неиспровоцирана и неоправдана инвазија врз Украина и безусловно повлекување на сите руски сили од целата украинска територија, порача денеска Европската комисија. - Санкциите се во сила затоа што Русија започна агресија врз Украина. Прво и основно, Русија мора да запре нејзината агресија. Многу е едноставно да се стави крај на војната. Русија мора да ги повлече своите сили и да и ги врати окупираните територии на Украина. Тоа е почетната точка, изјави заменичката главна портпаролка на Европската комисија, Аријана Подеста во одговор на прашање дали во рамките на поддршката на мировните преговори за Украина, ЕУ планира олеснување на своите санкциите кон Русија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Подеста додаде дека засега нема знаци на добра волја од страна Русија за остварување на овие предуслови и таа продолжува со напади на украинската територија, па затоа пакетот санкции останува во сила и ЕУ продолжува да работиме на тоа да го спречи нивното заобиколување. - Изнаоѓаме нови начини преку кои можеме да ги ограничиме ресурсите достапни за Русија во нејзината војна против Украина и ќе продолжиме да го правиме тоа се додека не биде обезбеден траен мир за Украина, додаде Подеста. Портпаролот на ЕК за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие потсети дека ЕУ веќе воведе 16 пакети санкции кон Русија, кои вклучуваат широк спектар на мерки и сега работи на нов пакет насочен кон ограничување на можностите за финансирање на војната. Тој додаде дека Европската комисија ги поздравува сите напори за мир во Украина во согласност со Повелбата на ОН и продолжува со своите дипломатски активности во тој правец на сите нивоа. - Кога станува збор за мировните разговори нашата позиција е навистина јасна. Украина е таа што треба да ги постави условите за праведен и траен мир и ништо не може да се договори без Украина и без ЕУ, истакна Мерси. Во однос на предлозите во замена за мир Украина да се откаже од делови на нејзината територија што се под руска окупација, вклучително и од Кримскиот Полуостров, Мерсие изјави дека за ЕУ од клучно значење е зачувување на украинската независноста, суверенитет и територијален интегритет и кога станува збор за Крим, позиција на Унијата е јасна дека тој е дел од Украина. - Наш приоритет е да осигураме зајакнување на позицијата на Украина и продолжуваме да ја зголемуваме нашата воена поддршка за Украина. Земјите членки се обврзаа на поддршка од 23 милијарди евра за набавка на муницијата оваа година и веќе остварија две третини од оваа обврска, рече Мерсие. Тој додаде дека колку Украина ќе биде посилна на бојното поле, толку ќе биде и посилна на преговарачката маса, па затоа ЕУ продолжува со поддршка на украинската одбрана, со цел земјата да може да обезбеди долгорочен и траен мир. /МИАТагови: русија санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканДемонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО) Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија. Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата. Јанша зборуваше за „изгубените можности“ Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности. „Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили. Претседателот и опозицијата не дојдоа Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер. Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook