СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
2СДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштија
3Францускиот премиер Лекорну најави „масовен ангажман„ на армијата и огромна безбедносна операција, за во сабота
ЖивотКим Кардашијан ја победи Хилари Клинтон во квиз за познавање на правото (ВИДЕО)Ким Кардашијан ја победи поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон во квиз за знаење од областа на правото.People известува дека реалити телевизиската ѕвезда се соочила со адвокат која студирала право на Јеил на тестот за знаење од областа на правото. Битката меѓу двете познати жени и резултатите се откриени во новото шоу на Клинтон, Gutsy, кое ќе се појави на Apple TV+ следниот месец. Иако можеби било голем предизвик за Ким да се натпреварува против Хилари, која била прв партнер во адвокатската фирма Роуз Арканзас пред да стане прва дама на американската дипломатија, ријалити ѕвездата на крајот ја победи со 11-4. Ким и Хилари биле испрашувани за сè, од употреба на смртоносна сила и вооружен грабеж до кога е дозволена самоодбрана. Ќерката на Клинтон, Челзи, на програмата сугерирала дека Ким би можела да има неправедна предност бидејќи неодамна студирала и го положила „бејби барот“, испит за студенти по право во прва година што е потребен за потенцијалните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани пост-средношколски студии, додека нејзината мајка со години не се занимавала со адвокатура. Хилари рече дека загубата е „срцепарателна“. Таа открива и дека додека Ким гостувала во нејзиното шоу, тие најмногу зборувале за нејзината работа во реформите во затворскиот систем. „Не ја интервјуиравме за модата и нејзиниот личен живот. Ја интервјуиравме за тоа што прави за да им помогне на луѓето кои биле неправедно затворени да добијат втора шанса“, рече Хилари, според Ladbible. „Таа е многу свесна дека како славна личност може да направи и позитивна разлика, но и негативна. Никогаш не сака да направи негативна разлика, па затоа беше разумна и промислена кога, каде и како ќе се ангажира. Навистина импресивно. Посакувам, дури и надвор од оваа серија, да направам сѐ што можам за да ѝ помогнам во таа работа“, рече Челзи. Во 2018 година, Ким ја започна својата работа помагајќи да се ослободи Алис Мари Џонсон, која била осудена на доживотен затвор поради обвиненијата за поседување дрога, според CBS News. Во мај истата година, Ким се сретнала со тогашниот претседател Доналд Трамп во Овалната соба за да разговара за нејзиното помилување. Еден месец подоцна Алиса била ослободена, откако отслужи 21 година зад решетки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава 11. фестивал на чај со над 30 учесници и меѓународна програмаОд 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“.Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во аромите што ги слават природата и нејзината разновидност. Фестивалот и годинава ја поврзува традицијата со едукацијата, културата и современите практики. Посетителите ќе можат да проследат и работилници, панел-дискусии, презентации и уметнички перформанси, преку кои, чајот и билките ќе бидат претставени од различни перспективи – од македонското традиционално билкарство и планинските чаеви до размена на меѓународно знаење и искуства. Во фестивалската понуда ќе учествуваат: La Soy&LaCha, Билна Аптека „Матија“, Роза Канина Ресен, Ливан Херба, Ignea Cosmetics – билна козметика, ЛАВИТА АГРО, Happy пчелни производи, EKO восочни обвивки, Гостилица планински чај, Health Shop Macedonia, Мое сапунче, Елена Манчевска, Мирјана Ангелеска, ТРАНТАЛОВСКИ фарм, ПЗ Природен мед, АНТОВИ природна козметика и медови производи, АПИ козметика, ПетроскиВ, ЛЕ-НАтура, Тилиа органика, Моја фарма, Бороџун, Мојот сапун, Шарено ќоше, ТиноСки и Нате препорачува. Во програмата ќе се вклучат и Ботаничката градина и Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), како и Институтот „Конфуциј“ при УКИМ. Покрај фестивалската понуда во текот на трите денови на истата локација предвидени се и придружни настани - едукативни работилници, панел дискусии, перформанси и презентации. Па така, во петок на 30 октомври од 18 часот ќе се случи настанот „Македонска чајна софра: Допир до сите сетила“, кој нуди патување низ ароматичните молекули на македонските билки, преку знаењето и приказните што се пренесувале од генерација на генерација. „Моја фарма – Тумчевиште“ ќе го претстави македонскиот планински чај, од семиња од Националниот парк „Маврово“. Предвиден е и настап на Пламенка Трајковска со соло виолина, а посетителите ќе се запознаат и со традиционалниот македонски билков ритуал „Сучење врвки“, поврзан со празникот Водици и карактеристичен за гостиварскиот крај. Од 19 часот следува церемонијата на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, посветена на традиционалната кинеска уметност на чајот. Програмата ќе биде дополнета со кинески инструментален перформанс и кинески танц, во изведба на професорите и студентите на Институтот. Во сабота, на 31 октомври, од 13 часот ќе се одржи „Чајанка“ со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. Предвидени се и панел-дискусии на теми „Шумите како бизнис екосистем“ и „Моќта на билките“. Во фокусот ќе бидат успешните стартап-иницијативи, женските претприемачки приказни и современиот рекап на традиционалното билкарство, со акцент на можностите што ги отвораат природните ресурси за развој на нови идеи и претприемачки пристапи. Ќе биде организирано и детско креативно катче од 13 часот, збогатено со пчеларска и уметничка работилница „Медена приказна“ во организација на ПЗ Природен мед со пчелар Христијан Аврамовски и уметницата Сања Јовановска. И во неделната програма, на 1 ноември, во 12 часот на пладне започнува медената работилница „Што јадат пчелите“, во организација на ПЗ Природен мед. Веднаш потоа од 13 часот следува кинеска дегустација на чај и културни перформанси, со калиграфија и хартиена техника. Со спојот на дегустации, традиционални практики, културни содржини и едукативни активности, единаесеттото издание на Фестивалот на чај ќе понуди три денови посветени на ароматичните билки, нивната употреба и културното наследство што го носат. Фестивалот го организираат Центарот за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањетоВо Дојран се реконструираат патишта, се подобрува водоснабдувањето, се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“.Општина Дојран продолжува со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните, подобра инфраструктура и посветла иднина за градот и Дојранското Езеро. Во изминатата година се работи на неколку клучни проекти кои ќе го подобрат животот во Дојран. Се направи реконструкција на главните патни правци. Реконструирани се 2 километри од главниот регионален пат во Стар Дојран и 500 метри во Нов Дојран, со што се подобрува безбедноста и пристапноста за граѓаните и туристите. Се подобрува водоснабдувањето, реконструирани се 750 метри од водоводната мрежа во Нов Дојран, а со навремено откривање и санирање на дефектите е постигната поголема сигурност во водоснабдувањето, особено во Стар Дојран и неговите повисоки делови во текот на летото. Се стави во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ кој е значаен чекор во насока на заштита на езерскиот екосистем и подобрување на условите за зачувување на природното богатство на Дојран. Паралелно, општината инвестира во комуналната инфраструктура, јавната чистота, спортот, туризмот и поддршката на семејствата, со зголемена финансиска помош за првачињата и новороденчињата. Дојран заслужува развој што се гледа, проекти што се чувствуваат и резултати што остануваат. Со посветена работа и конкретни инвестиции, Општина Дојран продолжува да гради подобри услови за живот на граѓаните и да го развива градот како атрактивна туристичка дестинација. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна – 33% од работниците живеат во сиромаштијаСамо за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Наместо да ги зголеми платите арамијата размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници а Мицкоски над 100.000. Ова сурова реалност е одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Скопје, 21.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22