Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица
2Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица
3Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација
Шоу бизКевин Спејси се расплака среде интервју: Морав да ја продадам куќата, должам милиони (ВИДЕО)Кевин Спејси се појави во шоуто на Пирс Морган во неговото прво големо интервју откако беше обвинет за сексуален напад во 2017 година.64-годишниот актер минатата година беше прогласен за невин пред британскиот суд за сите обвиненија за сексуално злоставување на четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година, а во 2022 година американскиот суд го отфрли обвинението за сексуален напад против него. Правната битка на Спејси и фактот што Холивуд му ја затвори вратата го доведоа до работ на банкрот, а актерот се расплака во интервјуто и призна дека должи милиони за правни трошоци. На прашањето на водителот каде живее сега, Спејси рече: „Па, смешно е што го поставуваш тоа прашање бидејќи оваа недела куќата во која живеам во Балтимор е запленета. Мојата куќа се продава на аукција“. „Значи, одговорот на тоа прашање е, не сум сосема сигурен каде ќе живеам во моментов, но јас сум во Балтимор откако почнавме да ја снимаме серијата „House of Cards“.“ Актерот откри дека неговата куќа е запленета бидејќи не можел да си ги плати долговите, а на прашањето дали се соочува со банкрот, Спејси рече: „Размислував да поднесам неколку пати, но некако го избегнавме, барем до денес“. Тој додаде дека „нема пари“ и се бори да ја плати огромната сума за правни такси кои се мерат „во милиони“. Kevin Spacey breaks down as he tells Piers Morgan he's lost his home and now owes 'many millions' in legal bills. Watch the full interview at 8pm (UK) on YouTube 👇 📺 https://t.co/QR11ywsANx@piersmorgan | @KevinSpacey pic.twitter.com/ouW06zE2vY — Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) June 11, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаНиколоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУПоддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел. “Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски. Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје. “Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски. На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лицаДенеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
СветНетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринацијаДвајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот. Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија. Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook