Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност
1Албанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедност
Шоу бизКејт: Ја знам моќта на природатаПринцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат се огласи на социјалните мрежи откако се појави во финалето на Вимблдон. Сопругата на британскиот престолонаследник Вилијам, Кејт најави отворање на новите градини во Природонаучниот музеј во Лондон. Во сторина Инстаграм, таа ги објави своите фотографии, направени за време на нејзината посета на музејот во 2021 година. - Многу ја ценам посветеноста на музејот за создавање посебен простор кој ги поттикнува луѓето од сите возрасти повторно да се поврзат со природата и да научат повеќе за тоа како можеме да го заштитиме нашиот природен свет. Ја знам моќта на природата која го промовира нашиот развој и благосостојба, носи радост и ни помага да останеме физички, ментално и духовно здрави. Се надевам дека овие градини ќе инспирираат и трансформираат илјадници луѓе кои ќе ги посетат – порача принцезата Кејт Мидлтон. Британската принцеза инаку во неделата присуствуваше на финалето на Вимблдон меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, што беше само второ нејзино појавување во јавноста откако објави дека е болна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлбанија им изрече забрана за влез на Ваљон Беља и Бекир Халими поради закана за националната безбедностЗакана за националната безбедност – вака албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари ја образложи одлуката Ваљон Беља и Бекир Халими да бидат прогласени за непожелни во Албанија. Ламалари откри дека одлуката била донесена уште на 17 јули, врз основа на информации од безбедносните и разузнавачките служби. Иако прашан кои конкретни активности довеле до мерката, тој одби да открие детали, повикувајќи се на доверливи податоци. Сепак, порача дека достапните информации биле доволни двајцата македонски државјани да бидат оценети како закана за безбедноста и јавниот ред и да добијат десетгодишна забрана за влез во Албанија. - Министерот за внатрешни работи – како орган што ја носи одлуката, нема апсолутно никаква законска обврска за транспарентност зошто ја донел одлуката. Тоа е така бидејќи, како што веќе спомнав, располагаме со многу информации за тековниот надзор што го спроведуваат надлежните служби во Албанија – како од разузнавачките, така и од оние за спроведување на законот. / Мораме да спречиме оваа потенцијална закана да се материјализира, било во политичка, идеолошка или деструктивна смисла, преку искористување на одредени агенди насочени кон поединци со одредени ранливости, кои би можеле да станат плен на таквите агенди,- - Бесфорт Ламалари - Министер за внатрешни работи на Албанија. Беља кој на јавноста и е познат како аналитичар, активист и политичар, во минатото беше осомничен и дека оставил куршум завиткан во салфета кај тогашниот градоначалник на Чаир. Тој потоа беше беше економски директор на клиниката за гинекологија, па економски директор на железници транспорт. На социјалните мрежи, Беља одлуката ја нарече политички мотивирана и донесена од „Владата на Еди Рамовиќ“ кој го нарече „сијамски брат на Вучиќ“. Халими пак, кој е оџа и поранешен припадник на УЧК, вели дека за одлуката дознал од медиумите. -Вознемирувачко е за секого да се соочи со неправда, особено за некој што целиот свој живот го посветил на подигнување на верската свест кај нашиот народ и на давање патриотски придонес кон нашиот национален развој. Сепак, таква е природата на животот. Ќе продолжиме да бараме правда и да се бориме против неправдата каде и да се појави,- Бекир Халими. Ова инаку, не е прв случај Албанија да прогласи странски државјани од соседството за непожелни поради безбедносни причини. Пред два месеци, на теолошката активистка од Косово, Икбале Худути Бериша исто така и беше изрешена забрана за влез во земјата, во времетраење од 15 години, поради учество на протестите во Тирана. Образложението на албанските власти во таа прилика беше дека нејзините активности и можни врски со Иран, се опасност за националната безбедност и јавиот ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако бугарски пратеници со судска забрана влегоа во Македонија?Министерството за внатрешни работи сè уште проверува како и на кој начин, и покрај важечката судска забрана за влез во државата, бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев.Министерството за внатрешни работи сè уште проверува како и на кој начин, и покрај важечката судска забрана за влез во државата, бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев од крајно десничарската партија „Преродба“ минатата недела присуствувале на судење во Кочани за смртниот случај во сообраќајната несреќа на 23-годишната Ива Михајлова, кочанчанка со македонско и бугарско државјанство. Од МВР велат дека случајот се истражува и дека се проверува дали имало пропуст кај граничната полиција и на кој начин овие бугарски пратеници успеале да влезат во државата, иако од август минатата година имаат забрана за влез во Македонија, која произлегува од пресуда на Основниот суд во Битола. „Доколку се утврдат евентуални пропусти или незаконито постапување од страна на службени лица, МВР ќе постапи согласно законските овластувања и ќе ги преземе сите соодветни мерки и дејствија, вклучително и поведување на соодветни постапки“, велат од МВР. И двајцата пратеници се опфатени со пресудата на Основниот суд во Битола со ознака ПРК-О-263/25, со која на вкупно 27 лица, сите пратеници на бугарската партија „Преродба“, им се забранува влез во Македонија, бидејќи лани во јуни нелегално ја преминале македонско-грчката граница и илегално престојувале повеќе денови. Врачев и Георгиев, како и целата група чии фотографии беа објавени на Фејсбук, биле осудени на 8 август минатата година, а покрај едногодишната забрана за влез во Македонија добиле и прекршочна казна од 50 до 230 евра. Сепак, од битолскиот суд поради недостапност на лицата за односи со јавноста, не успеавме да добиеме појаснување дали забраната за влез на бугарските пратеници важи од моментот на сторувањето на прекршокот или од моментот на донесувањето на пресудата. бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев, со објавени фотографии на Фејсбук потврдија дека биле во судницата во Кочани а присуството го искористија за критики кон правосудниот систем во земјава и упатија порака до Европската Унија дека, според нив, македонската држава малтретира девојка што се самоидентификува како Бугарка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ обвинува дека владата подготвува терен за прифаќање на европскиот предлогДипломатските разговори „под радарот“ за деблокада на евроинтеграциите нов повод за политичка кавга. Повикувајќи се на информации од Брисел, опозициската СДСМ тврди дека власта води тајни преговори и подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, а за тоа велат сега се прави и стратегија како да соопштат пред јавноста. Според секретарот за меѓународна соработка на партијата Андреј Жерновски, ова било пресврт во дипломатијата и доказ дека СДСМ донела правилни одлуки кога од позиција на власт одлучуваа за европскиот пат на Македонија. -Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму. Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство,- Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка на СДСМ. МНР демантира- велат СДСМ пласира груби невистини и конструкции. Објаснуваат дека не се работи за тајни преговори туку комуникација на повеќе нивоа за која јавноста е во тек. Потенцираат дека се е транспарентно без отстапки од црвените линии, и ги критикуваат опозиционерите дека се додворуваат на соседни политичари наместо да ги бранат интересите на сопствената држава. -Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста. Факт е дека институциите редовно комуницираат со земјите членки на Европската Унија, со европските институции, со Бугарија и со другите меѓународни партнери. Овие разговори се водат транспарентно, а позицијата на Владата е јасна и повеќепати јавно потврдена. Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба и крајна цел на оваа Влада,- Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и во последното интервју за МИА кажа дека доколку се споделуваат деталите, разговорите се осудуваат на неуспех. Тој уверува дека се работи на трајно и одржливо решение, а не решение по секоја цена. Се барало начин како да се елиминира ризикот од нови блокади во иднина и „статус кво“ поради идентитетски прашања. Муцунски оцени дека е добро тоа што европските институции повторно давале значење на проширувањето, а сите актуелни нон пејпери вели имаат заедничка цел- постепена интеграција без откажување од крајната цел, полноправно членство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter