Казни за 40 лица кои не носеле заштитни маски во Тетовско

Тетовската полиција продолжува со издавањето повеќе десетици прекршочни платни налози за неносење заштитни маски согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи – Тетово за периодот 28 и 29 мај за неносеање заштитни маски на вкупно 40 физички лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

СВР – Тетово бележи 18 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат, додека вкупно биле контролирани 206 лица. Изјави за самоизолација потпишале пет лица, а контрола била извршена на 20 луѓе.

Богојески: Да воведеме казнивост за политичари и функционери

Македонски концепт се залага за законска и обврзана одговорноста за дадените политички ветувања.

За казнивост и понесување казнена одговорност за политичарите и функционерите на власт, изјави Петар Богојески од Македонски концепт.

УХМР: Врнежите нема да предизвикаат излевање на поголемите реки, на удар градските средини

Најавеното нестабилно време со локални поројни врнежи дожд нема да предизвика излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, соопшти УХМР.

Според Управата, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците.

-Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе продолжи да преовладува нестабилно време локално со појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Ваквите временски услови нема да претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во земјата. Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер (кој се очекува во текот на утрешниот ден) можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување за толку кратко време. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, наведува УХМР.

Арсовски: СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава

СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата.

Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.

Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.

Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.

Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците.

Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.

Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.

Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал.

Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.

Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија.

Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.

На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ.

Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер