Нови детали за мистериозната смрт на брачна двојка во џакузи на одмор во Шпанија- децата ги пронашле телата
1Нови детали за мистериозната смрт на брачна двојка во џакузи на одмор во Шпанија- децата ги пронашле телата
ЖивотКатолиците го слават Велигден Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово" во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија. На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов… Велигденска воскресна литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед. – Драги браќа и сестри! Велигденскиот пост го започнавме со страшната воена ситуација со нападот над Украина, и поголемиот дел од тоа време на пост, молитва и добри дела го поминавме следејќи ги медиумите и извештаите за тоа што се случува со нашите браќа и сестри во Украина. Пред нашите очи се милиони бегалци, илјадници страдалници, жртви на војната, убиени луѓе по улиците на украинските градови, уништени домови и луѓе на улица со крици во устата и солзи во очите. Како браќа по вера, не можевме да се оглушиме, а да не го слушнеме гласот на киевско – халичкиот врховен надбискуп Свјатослав Шевчук, кој повикува и моли за својот народ, но во исто време укажува и на одговорноста на целото човештво. Тој постојано го повикува светот активно да работи на спречување војна и заштита на праведниот мир. Тоа е гласот на човек соочен со неволјите на војната, страдањата на својот народ, уништувањето на неговата земја: „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!" (Јов 6,2). Нашата Светица од Скопје, Света Мајка Тереза ќе рече: „Страдањето е другото лице на човекот, Божји бакнеж." Од страдањата не беше поштеден ниту нашиот Господ Исус Христос. Ја прими чашата од раката на Отецот и ја испи до крај. Секогаш е на страната на слабите. „Бог ни шепоти во нашите радости, ни зборува во нашата совест, но и извикува во нашите маки: Неговиот мегафон е да го разбуди глувиот свет" (C. S. Lewis). Исус со своето воскресение одговори на проблемот на страдањето, внесувајќи нова светлина во светот и оживување на земните надежи со „големата надеж" за вечен живот. Папата Бенедикт XVI, во својата енциклика Spe Salvi – Спасени преку надежта, вели: „Искупувањето ни е понудено во смисла дека ни е дадена надеж, сигурна надеж, преку која можеме да се справиме со сегашноста". Тој вели дека препознатлива христијанска карактеристика е тоа што имаат иднина. Иако не се темелно запознаени со она што ги чека, знаат дека животот не им е залуден. Верувам дека сите ние, како и нашите браќа и сестри кои во овој миг се погодени од страданијата и сите маки се носени со оваа надеж, бидејќи „оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат" (Исаија 40,31). Само гледајќи во воскреснатиот Христос можеме да го прифатиме сето она што ни го носи животот во времето во кое живееме. Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж" на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите. Утрото на Велигден, учениците биле исплашени и збунети, па кога жените по враќањето од гробот на Исус почнале да им раскажуваат за неверојатниот настан што го виделе и доживеале таму, отворениот гроб, млад човек облечен во бела облека, за нив, за апостолите, овие зборови на првото сведоштво им изгледало како женски духови и заблуди, утрински соништа, сенишни измами и ништо повеќе. Не им верувале. Со ова се покажало дека тие се побавни и поневнимателни од жените. Но, сепак, наеднаш двајцата тргнале, Иван и Симон наречен Петар излетале од куќата и стигнале до гробот. Петар влегува внатре затоа што сака да ја испита работата до крај. Кога влегол во гробот, го нашол само празниот гроб и завоите што стоеле таму, како и крпата со која била завиткана Исусовата глава, свиткани во еден агол. Возбудени од тоа што го виделе, се враќаат дома прашувајќи се што се случило. Тоа беше мешавина од чувства, мешавина од чудо и ужас. Но, тоа сè уште не беше вера. Тие требаше сѐ уште да го доживеат и видат воскреснатиот Христос, да го допрат, да јадат со него, да им се отворат очите и да поверуваат. Исус требаше да им даде сила да бидат негови сведоци, но и да можат да го издржат сето она што ги чека. Празниот гроб беше знак што можеа да го разберат само преку средба со воскреснатиот Господ. Но, средбата е можна само кога срцето е подготвено да види и да верува. По оваа средба Петар се исполнил со таква сила, па повеќе не се плаши да излезе и да сведочи за Исус. После сиот доживеан страв, разочарување, затајување и предавство, тој храбро излегува од тајноста и безбедноста на затворениот простор и гласно говори: „Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го проповедаше Иван: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци сме за сѐ што направи Тој во земјата Јудејска и во Ерусалим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите" (Дела 10,37-42). Нашата вера и сета наша надеж почиваат на оваа сведоштво на првите сведоци на Христовото воскресение. Исус е жив! Бог го постави да им суди на живите и мртвите! Тој е Судија и Спасител. Кој верува во Него, ќе живее и во негово име ќе прими простување на гревовите. За време на појавувањето Исус ги поздравил своите ученици со зборовите: „Мир вам!" Да го замолиме во оваа време Неговиот збор да допре до свеста на сите оние кои се опиени од сопствениот егоизам, моќ и сила, кои внесуваат немир и раздор, да се откажат од гревот и во името на Бога да почнат да прават добро и да работат на воспоставување мир и правда меѓу сите луѓе и народи во овој свет чии сопственици не сме ние, туку го примивме како подарок што можеме да им го пренесеме на генерациите по нас. Нека и нам Воскреснатиот Исус ни ги отвори очите да поверуваме, бидејќи во спротивно ќе се соочиме само со неодговорени прашања. На сите Ви посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Амин. Алилуја!, рече скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
СудбинаМајка му пукала во лице на својот 11- месечен син, па изјавила : Вредеше!Жена од Ново Мексико се соочува со доживотен затвор откако властите велат дека го убила својот 11-месечен син откако го киднапирала за нејзиниот поранешен партнер да не може да биде со него.36-годишната Медлин Дејли се изјасни за виновна за убиство од прв степен за смртта на нејзиното дете, Базил Стонер, објави Канцеларијата на јавниот обвинител на 6-тиот судски округ на Ново Мексико. Осудата е заснована на договор за признавање на вина, соопшти обвинителството, додека судијата што го водеше случајот рече дека посебно рочиште за изрекување на пресудата ќе се одржи подоцна бидејќи сакал повеќе време да го проучи случајот, објави „Law&Crime“. Таткото на Базил и Дејли биле во врска до јули 2024 година, кога жената „побегнала и се обидела да ја скрие својата локација и раѓањето на бебето“, според кампањата GoFundMe што се чини дека е објавена на име на мажот. Во месеците пред да се роди Базил на 8 јануари 2025 година, обвинетата наводно „случајно му праќала пораки (на таткото), кажувајќи му дека тој никогаш нема да биде дел од животот на нејзиното дете“. Таа и нејзиниот син се преселиле во „малиот град Тен Слип, Вајоминг, за да ја прекинат бременоста“, а мажот успеал да се смири со неа и „да присуствува на раѓањето на нивниот син“. Сепак, односот на родителите повторно се влошил. Мајката Дејли наводно „одбила да разговара за името на детето, па дури и да дозволи презимето Стонер да биде наведено во изводот од матичната книга на родените“. Таа одбила да му дозволи да биде дел од животот на нејзиниот син, па таткото се обратил на суд, објави „Пипл“. По судењето во округот Вашаки, Вајоминг, есента 2025 година, на таткото му било доделено заедничко старателство над Базил. „Тој планирал брзо да се префрли на распоред во кој тој ќе биде со него околу половина од времето“, а неговите први посети „поминале одлично“, соопшти добротворната организација. Но, Дејли повторно е обвинета дека го криела Базил од својот татко. Човекот отишол на суд, а таа наводно му испратила СМС порака во која „го нарекла мртов татко, му рекла дека веќе почнала да го учи својот син да вика некого друг „тато“ и му рекла: „Ау, си кодошел“.“ Кога Дејли не се појавила на закажаното рочиште за посета во октомври, на таткото му бил доделен привремено итно старателство, објави весникот. Тој никогаш повеќе не го видел својот син. Дејли наводно избегала и завршила во Ново Мексико. Обвинителите рекле дека е издадена потерница за нејзино апсење за киднапирање, но добротворната организација рекла дека не е издадена „Амбер тревога“ бидејќи властите рекле дека нема докази за „непосредна опасност за детето“. Некој наводно рекол дека Дејли престојувала во парк за камп-приколки во близина на Силвер Сити, Ново Мексико. На 23 декември 2025 година, заменик-шерифот на округот Грант реагирал на местото на настанот и ја пронашол осомничената како се крие со својот син во приколка во близина на колибата каде што живеела. Додека заменик-шерифите се обидувале да преговараат со мајката, таа наводно извадила пиштол од 9 мм, го насочила кон лицето на својот син и пукала. Полицијата подоцна ја привела. Во исказот таа изјавила : Вредеше! Заменик-шерифите се обиделе да го спасат Базил, но тој бил прогласен за мртов. Неговиот некролог го опишал како „среќно, бистро дете“ кое „најмногу уживало да биде надвор и да гледа животни“ и „имало посебна љубов кон боровинките“. Според судските документи добиени од весникот со седиште во Вајоминг, Дејли била решена да го држи својот син подалеку од неговиот татко и неговото семејство. Таа тврдела дека Базил би бил во опасност „доколку таа излегла од таа приколка“ и дека нејзиниот татко „никогаш не сакал да има никаква врска со Базил, финансиски, физички или емоционално“. Обвинителството не објавило датум за закажаното изрекување на пресудата на обвинетата.Тагови: мајка син Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРијана во Париз покажа што ќе се носи оваа есен Ријана ја покажа својата интерпретација на францускиот стил во Париз оваа недела и ги објави клучните трендови за претстојната есен. Нејзината комбинација е базирана на два рафинирани класици кои, според сите очекувања, ќе доминираат во сезоната: мантил за дожд и фармерки во темно перести фармерки. Ова се едноставни, но ефективни парчиња кои заедно создаваат елегантен и модерен изглед, пишува InStyle. Пејачката се одлучила за минималистичка елеганција, па затоа избрала едноставни, но рафинирани парчиња. Носи тесна маица, темни индиго фармерки со широки ногавици и класичен црн мантил за дожд. Додала препознатлив печат на целокупната комбинација со ледено-сини салонки со метален сјај. Два клучни есенски тренда Популарноста на мантилите за дожд расте повеќе од една година. Помодерна верзија со висока јака стана многу популарна, а трендсетерите од Њујорк ја прифатија како дел од својата гардероба. Затоа, не е изненадувачки што Ријана го избрала тој класик со првите навестувања на есента и го комбинирала со широки фармерки. Како и мантилите за дожд, така и темниот тексас не е нов, бидејќи беше еден од водечките трендови минатата есен и зима. Причината за неговата популарност лежи во фактот што темната боја му дава на тексасот порафиниран изглед, за разлика од лежерните светли нијанси што се носат во пролет и лето. Индиго тексасот е едноставен, уреден и прилагодлив за разни пригоди, од ден до вечер, без оглед на кројот.Тагови: Париз Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
ЕвропаНови детали за мистериозната смрт на брачна двојка во џакузи на одмор во Шпанија- децата ги пронашле телатаПатрик Тобин и неговата сопруга Томасина биле пронајдени мртви во џакузи за време на одмор во Шпанија.Патрик Тобин и неговата сопруга Томасина биле пронајдени мртви во џакузи за време на одмор во Шпанија, за која што се сомнева дека откажало поради неисправна пумпа што создава сила на вшмукување, објавува „Дејли меил“. Телата на двајцата Тобини беа пронајдени од нивните деца, на возраст од 16 и 14 години, во вторник минатата недела во Вила Луна, имот со три спални соби управуван од комплексот Колина дел Сол. Цената на вилата наводно е околу 2.300 евра неделно. Џакузито е дел од „оаза на приземје“, како што е опишано на веб-страницата, во шпанската вила што семејството ја изнајмило за својот одмор. На едната страна од кадата има телевизор, додека од другата страна има панорамски поглед на Средоземното Море преку прозорци од подот до таванот. Истражителите веруваат дека двојката можеби била жртва на редок феномен познат како „вшмукување“. Ова се случува кога силната сила на вшмукување на одвод во џакузи или базен го влече телото, косата или облеката на една личност под вода. Обдукциите на Томасина Тобин, по потекло од округот Монаган во Ирска, и Патрик Тобин, кој е по потекло од Нов Зеланд, покажаа траги и гребнатини на телата, додека траги од крв беа пронајдени во матната вода од џакузито, заедно со силен мирис на хемикалии. A luxury holiday turned into a nightmare when a couple are believed to have become trapped by a spa’s powerful suction — with one dying in a desperate attempt to save the other. READ IN COMMENTShttps://t.co/afx5qFLRdl — PerthNow (@perthnow) September 3, 2026 Можноста за убиство засега е исклучена. Немало знаци на насилно влегување на имотот, а блиските камери за надзор не регистрирале никаква сомнителна активност. Според извештаите на медиумите од Шпанија, на телата на двете жртви биле пронајдени траги што се во согласност со вшмукување, но тие беа поизразени кај Патрик Тобин. Сепак, локалните медиуми објавија различни информации за тоа што се случило. Некои извештаи укажуваат дека Патрик се обидел да ја спаси својата сопруга, но полицијата сè уште не ја потврдила оваа информација. „Тестовите сè уште се во тек, но една од главните теории на кои се фокусираат истражителите е дека барем еден од нив починал откако западнал во неволја во водата поради прекумерно вшмукување создадено од механизмот за хидромасажа, додека другото лице го загубило животот за време на очајнички обид за спасување“, рече извор близок до истрагата. Што се случило? Семејството пристигнало во вилата Луна на 22 август на двонеделен одмор, а нивното враќање во Велика Британија било планирано за 6 септември. Според досегашните информации, телата на двојката биле пронајдени делумно надвор од џакузито, околу 17 часот минатиот вторник. Полицијата првично ја истражувала можноста еден од двојката да бил електрифициран во малиот базен, но таа верзија оттогаш е отфрлена. Официјалните резултати од обдукциите засега нема да бидат објавени, што е во согласност со практиката на шпанските власти. Тагови: џакузи Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter