Катар против Јордан во финалето на Купот на Азија - Канал 5

Катар против Јордан во финалето на Купот на Азија

Домаќинот Катар е вториот финалист во фудбалскиот Куп на Азија, откако вечерва во полуфиналето во Доха триумфираше над Иран со 3-2.

Катар против Јордан во финалето на Купот на Азија

Стрелци на головите за Катар беа Абдулсалам во 17 минута, Афиф (43) и Алмоез (82), додека головите за Иран ги постигнаа Азмун (4) и Јаханбаш (51, пенал).

Противник на Катар во натпреварот за трофејот ќе биде Јордан, кој вчера триумфираше над Јужна Кореја со 2-0 и прв пат во историјата обезбеди финале во азискиот Куп.

Новиот азиски фудбалски првак ќе биде познат по финалето кое е на програмата в сабота од 16 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта. 

АХВ: Се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози

По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни мерки за справување со болеста, при што се пристапува кон евтаназија на животните и нивно закопување.

АХВ е континуирано на терен, ја следи состојбата со болеста и навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки.

Во однос на можната вакцинација, АХВ достави информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција. Притоа, експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација.

Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

​Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС.

Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност.

Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните.

За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДС продолжува со обиди да создава сомнеж.

Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДС му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен?

Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат.

Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника.

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДС треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген има план за преживување: Еве што ги очекува клиентите во наредните години

Крај на познатите модели? Фолксваген се впушта во најголемата реорганизација во последните децении.

Фолксваген има план за преживување: Еве што ги очекува клиентите во наредните години

Групацијата Фолксваген продолжува со својата голема деловна трансформација, а нов интерен документ открива како германскиот гигант планира да ги намали трошоците и да остане конкурентен во ерата на електрификација и зголемената кинеска конкуренција.

Компанијата веќе објави дека ќе ја намали својата гама на модели за дури 50 проценти на долг рок, додека бројот на различни верзии и конфигурации би можел да се намали за 75 проценти.

Според списанието „Automobilwoche“, целта е да се поедностави развојот и производството, а истовремено да се забрза лансирањето на нови модели на пазарот.

Финансискиот директор Арно Антиц нагласи дека Фолксваген продолжува да инвестира повеќе од повеќето конкуренти, но дека долгорочната конкурентност бара пониски трошоци по возило.

Сличен став изрази и директорот за развој Вернер Тих, кој нагласува дека компанијата ќе ја намали сложеноста на платформите и модулите, ќе ги забрза процесите на развој и ќе ја користи вештачката интелигенција сè повеќе.

Според достапните податоци, првичниот инвестициски план од 180 милијарди евра за периодот 2024–2028 година веќе е намален.

Најновите проценки зборуваат за околу 160 милијарди евра инвестиции помеѓу 2026 и 2030 година, додека на долг рок оваа сума би можела да падне на нешто над 130 милијарди евра по петгодишен циклус.

Сè уште не е познато кои модели ќе бидат прекинати. Потврдено е дека „Volkswagen T-Roc Cabriolet“ ќе исчезне од понудата до 2027 година, додека „Touareg“ постепено ќе биде повлечен без директен наследник.

Во исто време, Фолксваген ја разгледува и можноста за понуда на одредени модели развиени за кинескиот пазар на европските клиенти, што би можело дополнително да го забрза развојот и да ги намали трошоците.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер