Кашима прв финалист на клупското СП, Касаи досуди пенал по прегледана видео снимка - Канал 5

Кашима прв финалист на клупското СП, Касаи досуди пенал по прегледана видео снимка

Екипата на Кашима ќе игра во финалето на Светското клупско фудбалско првенство кое се одржува во Јапонија.

Кашима прв финалист на клупското СП, Касаи досуди пенал по прегледана видео снимка
Домаќинот попладнево со 3:0 го совлада шампионот на Јужна Америка, Атлетико Насионал.

Првиот гол Азијците го постигнаа од пенал во 33.минута. Овој момент ќе остане запишан во историјата на фудбалот, бидејќи унгарскиот судија Виктор Касаи по прегледување на видео снимката за спорниот момент покажа на белата точка, што е прв ваков случај во овој спорт. Реализатор на пеналот беше Шома Дои.

Другите два погодока домаќините ги постигнаа во 83 и 85.минута преку Јашуи Ендо и Јума Сузуки.

Во финалето Кашима ќе игра против подобриот од второто полуфинале закажано за утре во кое ќе се сретнат Реал Мадрид (Шпанија) и Клуб Америка (Мексико).

На првиот денешен дуел, во борбата за 5.место, Џонбук го совлада Мемелоди со 4:1. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бразилскиот селектор Анчелоти повика 15 фудбалери помлади од 23 години

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави составот за пријателските натпревари против Јапонија и Сингапур во ноември.

Бразилскиот селектор Анчелоти повика 15 фудбалери помлади од 23 години

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави составот за пријателските натпревари против Јапонија и Сингапур во ноември, продолжувајќи го процесот на подмладување на националниот тим по разочарувачкиот настап на Светското првенство.

На 14 ноември, Бразил ќе игра против Јапонија во Сингапур, додека три дена подоцна ќе се соочи со домаќинот. Во составот има девет играчи на олимписка возраст и вкупно 15 фудбалери помлади од 23 години, што потврдува дека Анчелоти продолжува со подмладувањето на тимот.

Стручниот штаб реши да ги поштеди играчите на клубовите кои се борат за трофеи во домашните натпреварувања, па на списокот нема играчи од Палмеирас, Фламенго и Атлетико Минеиро.

Список на Бразил: Голмани: Бенто (Ал Наср), Лукас Пери (Торино), Педро Мориско (Коритиба) Одбрана: Артур Диас (Атлетико Параненсе), Карлос Аугусто (Интер), Даглас Сантос (Зенит), Габриел Магалес (Арсенал), Жаир Куња (Нотингем) (Нотингем) Витор Реис (Манчестер Сити), Весли (Рома) Среден ред: Андре (Коринтијанс), Андреј Сантос (Манчестер Јунајтед), Бруно Гимараеш (Арсенал), Данило (Ботафого), Габриел Бонтемпо (Сантос), Жоао Гомеш (Астон Вила), Марлон Гомеш (Шахтар Сити), Атанак (Шахтар) Естевао (Челзи), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмаут), Ендрик и Винисиус Јуниор (Реал Мадрид).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинство

По пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.

Без јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинство

Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48.

Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските.

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер