Канје Вест ги избриша сите објави на Инстаграм

Раперот Канје Вест ги избриша сите фотографии и видеа од својата страница на Инстаграм.

Иако неговиот профил е сè уште активен, не е јасно дали раперот повторно ќе објавува на него. Вест на Инстаграм го следат 9,5 милиони луѓе.

Ова не е првпат Вест да се повлече од Инстаграм откако за прв пат се приклучи на социјалната мрежа во 2016 година. Откако неколку пати го избриша својот профил, тој повторно се врати на Инстаграм во јули оваа година пред објавувањето на неговиот десетти студиски албум Донда.

Иако причината за овој потег е нејасна, Канје Вест ги избришал објавите само неколку дена откако сподели објава за Денот на благодарноста во четвртокот, велејќи дека сака повторно да биде со неговата сопруга Ким Кардашијан Вест, со која има четири деца. Имено, таа во февруари поднесе барање за развод по речиси седум години брак, а моментално го привлекува вниманието на светската јавност со излегувањето со комичарот Пит Дејвидсон.

„Се` што мислам секој ден е како да го обединам семејството и како да ја излечам болката што ја предизвикав“, рече Вест. „Ја преземам одговорноста за моите постапки. Единственото нешто што е заедничко за сите мои успеси и неуспеси сум јас.“

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓокович купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.

Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Србија: Над 17.000 нови случаи со Ковид-19, починале 28 лица

Во последните 24 часа се регистрирани уште 17.318 новозаразени со коронавирусот во Србија.

Од последиците на Ковид-19 починале 28 лица.

На респиратори се наоѓаат 112 пациенти.

Како што е наведено, во последните 24 часа се анализирани 36.434 примероци а 2.619 лица се наоѓаат на болничко лекување.

„Intel“ планира да произведува чипови за рударење на Биткоин

„Intel“ најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со „Intel Inside“ налепници.

Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за „Bonanza Mine“ чип за рударење на Биткоин.

„Bonanza Mine“ е опишан како ефикасен, „ASIC“ за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на „Intel“.

Засега, програмата не укажува на тоа дали „Intel“ навистина планира да го испорача „Bonanza Mine“ како завршен производ или само како истажувачки проект.

„Intel“ претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека Биткоин рударењето одмана е преминато на „ASIC“.

„Intel“ нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за Биткоин.

притисни ентер