Канческа Милевска: Продолжува поддршката на фолклорните ансамбли - Канал 5

Канческа Милевска: Продолжува поддршката на фолклорните ансамбли

Министерстворо за култура во континуитет ги поддржува фолклорните ансамбли, а тоа ќе го прави и во иднина, истакна министерката Елизабета Канческа Милевска на денешната средба со претставници на Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија (СОФАМ).

Канческа Милевска: Продолжува поддршката на фолклорните ансамбли
- Имавме можност со голем број фолклорни ансамбли кои егзистираат во Република Македонија да разговараме за поддршката која ја даваме, за проблемите со кои се соочуваат итн., бидејќи сепак фолклорот е навистина еден значаен сегмент од негувањето на нашата традиција, на нашите песни и ора, на сето она што го отсликува македонската и фолклорна музика и традицијата која ја негуваме преку целокупната поддршка, рече Канческа Милевска.

Посочи дека Министерството за култура во континуитет ги поддржува гостувањата на голем број ансамбли низ градовите во Република Македонија и надвор од државата, каде што учествуваат на фестивали, а наградите кои ги добиваат се од огромно значење за негувањето на фолклорната дејност и презентирање на државата. Исто така, како што рече, се даваат и средства за голем број нови кореографии кои се создаваат, се даваат средства за откуп на голем број носии кои исто така се презентирани преку самите здруженија.

- На денешниот состанок се отвори прашањето околу стручноста и вработувањето на голем број стручни кадри во самите здруженија, поддршката која ја добиваат овие здруженија и од локалната самоуправа и проблемите со кои се соочуваат некои од нив во делот на просторот каде се сместуваат. КУД „Орце Николов“ побара простор и заеднички изнајдовме еден соодветен простор кој со одлука на Влада го доделивме, а тоа е просторот во објектот на Македонската опера и балет кој се реновира и е во функција на самото културно-уметничко друштво. Ќе се детектираат овие проблеми во делот на просторот, истакна Канческа Милевска.

Таа нагласи дека како Министерство за култура ќе направат една анализа или стратегија која ќе ја понудат на Владата, а се однесува на тоа, оние центри за култура кои ги има во градовите да изнајдат можност на оние здруженија кои се соочуваат со таков проблем да им дадат можност да ги користат тие простори во самите центри со цел да се надмине тој просторен проблем.

Оваа поддршка во делот на проектите, укажа министерката, континуирано ќе продолжиме во таа насока да ја даваме се со цел да пристигнат навистина квалитетни проекти кои ќе бидат поддржани за наша меѓународна промоција во делот на фолклорот.

-Во Република Македонија има една национална институција, тоа е ансамблот „Танец“ кој континуирано се поддржува во Годишната програма и голем број културно-уметнички друштва како „Орце Николов“, „Мирче Ацев“, „Илинден“ во Битола, „Ибе Паликуќа“ и други., кои благодарение на нивниот ентузијазам, професионалност и привлекување на членови и од помладата популација, мислам дека многу ќе помогнеме и кај младата популација да се негува тоа чувство на почитување на нашата македонска фолклорна музика, на игрите, на песната, на ората, на сите тие кореографии кои благодарение на Министерството за култура се повеќе ги има, додаде министерката Канческа Милевска.

Претседателот на Комисијата за фолклорна дејност при Министерството за култура Марко Китевски рече „бидејќи фолклорот, песните заедно со обичаите и другите форми на народната култура се најдобар афирматор на нашата национална самобитност“.

- Комисијата при Министерството направи класификација или подредување на ансамблите, на друштвата според одредени критериуми – број на години на постоење, број на членство, настапи на афирмирани фестивали и врз основа на тие критериуми, врз основа на образложените проекти се доделуваат средства, додаде Китевски.

Тофе Дракулевски, уметнички раководител на ансамблот „Орце Николов“ истакна „тоа што е Бразил во фудбалот, Македонија е во фолклорот“.

-Македонскиот фолклор односно ансамблите кои го презентираат каде и да отидат на светските фестивали каде има натпреварувачки карактер, скоро секој пат сме меѓу првите три ансамбли. Тоа значи дека многу квалитетен фолклор има Македонија. Тоа е гордост на Македонија, затоа тоа треба да се негува, поддржува и колку што е можно помага, додаде Дракулевски.

Во Република Македонија постојат и активно делуваат околу стотина културно-уметнички друштва кои работат во повеќе региони и кои ја негуваат фолклорната игра и песна, односно традицијата на тие региони. Буџетот за поддршка на фолклорната дејност годинава е тројно зголемен споределно со буџетот во 2007 година. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите

Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. 

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите

Посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите.

Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески. 

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски.

Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат задоволени условите на „политичка сензитивност“.

Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци, Мицкоски и Славески ја донесо пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија.

Тие се виновни за хаосот и што сега граѓаните, пензионерите, не можат да дојдат до своите пари. A правните лица не можат да исплатата плата.

Славески и Мицкоски му дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница. Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница.

Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски.

Откривме и документи, Записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка!

Во Европа има санкции и суспензии за Алта банка.

Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале.

Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.

Во Србија има стечај, апсење и истрага.

И покрај сето тоа, Мицкоски ја внесува банката во Македонија.

Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија.

Како кога Народна банка е независна институција?

Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија односно ја увезоа од нивниот ментор Вучуќ. Исто така. Мицкоски одлучил. „Сензибилитет“.

Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија.

Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странка.

Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил.

Шеф на банда, тој одлучува за се, за фирми, за банки, за пари. Тој е и Гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија.

Мицкоски треба да одговори на пршањето колу пати разговарал со Вучиќ за Алта банка?

Колку пати се има сретнато со Мацура?

За кои провизии се зборувало?

Дали во трезорот и документите на Алта Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи.

Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема.

Ги повикуваме и чесните професионалци од НБРМ. Не потпаѓајте на криминалната власт која е во паника и која сака со застрашување.

Имате иднина и мислите на своите најблиски. Одговорност ќе има се секој што се огрешил пред законот кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Тоа време доаѓа.

Погледнете во соседна Србија што се случува, како организирана криминална група паѓа.

Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира.

Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ наскоро го укинува роамингот за земјите на Западен Балкан

Европската комисија започна преговори за укинување на роамингот меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан. 

ЕУ наскоро го укинува роамингот за земјите на Западен Балкан

Целта е регионот да се вклучи во системот „Roam Like at Home“, што би им овозможило на граѓаните да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни такси, пишува N1 Info.

Покрај Босна и Херцеговина, во преговорите се вклучени и Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Вклучувањето во единствената роаминг зона би значело дека граѓаните од Западен Балкан можат да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат интернет додека патуваат во Европската Унија по исти цени како и дома. Истите правила би важеле за граѓаните на ЕУ што патуваат во регионот.

Преговорите се во тек

Иницијативата дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја објави оваа можност за време на нејзината посета на Западен Балкан во октомври оваа година. Комисијата потврди дека билатералните преговори со партнерите од регионот сега се официјално отворени.

За да се спроведе укинувањето на роамингот, земјите-партнери мора целосно да го усогласат своето законодавство со правилата на ЕУ. Откако ќе бидат склучени договорите, Европската комисија ќе му предложи на Советот на Европската Унија да донесе конечна одлука за проширување на системот. Советот на ЕУ го одобри почетокот на преговорите уште во јуни 2026 година.

Идните договори за роаминг ќе бидат поврзани со постојните договори за стабилизација и асоцијација, чија цел е да се поддржи стабилноста, економската интеграција и зајакнувањето на соработката на регионот со Европската Унија. Европската комисија сè уште не го објави точниот датум од кој новите правила би можеле да стапат во сила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер