Канал 5 репортажа - Манастирот Свети Ѓорѓија лек за духовен мир

Тиквешијата место што не потсетува на виновата лоза. Но и синоним за вештачкото езеро - Тиквешкото. Ова езеро е синонимен за рибарење, но тука има нешто повеќе.

Историјата и мистеријата вгнездени во ридовите над ова езеро, на сончевиот ден со нашиот домаќин Ристе запловивме по езерото во едно патување до убавините на манастирите.
На самиот брег од езерото мали викенд куќи прикачени, а до нив пат нема мештаните со чамци цигла по цигла ги носеле за да ја впијат и уживаат во убавините на природата.

Некаде на 12 километри во езерото е првата пештерска црква посветена на свети Лазар. Високо прикачена на езерото, уште пред деветтиот век го чува местото и ја започнува приказната за црквите покрај вода. Неколку метри над брегот над езеро распослано со векови стои манастирот посветен на светецот Ѓоргија или познат како свети Ѓорѓија Полошки. Манастирот воздигнат во планината Вишешница во првата половина од 14тиот век.

До пред десет години обраснат во трева, а денеска белег на духовното, смирението и знак на уметност. До него се стигнува само со чамец, копнен пат нема.

Монахињата Магдалена со голема верба сака да се направи комплексот каде може да дојде секој и да помине неколку дена во мир, но и со нејзиното раскажување да научи за манастирот каде цигла по цигла се носела со чамци за да се направи прекрасното здание.

Посебен белег им надворешната архитектура на манастирот. Посебно направени тули биле само за црквата свети Ѓорѓија.

Црквата е изградена во 1345 година, имињата на зографите не се познати, но според начинот на работа се од цариградската школа, раскажува монахињата. Невообичаени фрески што на друго место ги нема. Исус Христос на упокојувањето на неговата мајка, е допрен со лицето до нејзиното. Знак на големината на мајчинството. Во црквата еден ѕид е посветен за денот на распетието Христово, една приказна прикажани со детали што ги нема во другите храмови.

Во црквата не целосен е иконостасот. Поради реновирање на манастирот бил однесен во музејот во Скопје, но и покрај неколкуте барања до министерството за култура, тој не е вратен во црквата.

Откривањето на оваа убавина за да се стигне до неа од општината Кавадарци велат дека по завршувањето со конаците ќе организираат и тури до манастирот.

А до тогаш може и со позитивите жители на овој крај да организирате еднодневна прошетка по езерото и да ги видите и слушнете тајните на овој манастир. Местото каде се верува дека е погребан братот на српскиот крал Душан, Драгушин. А љубителите на архитектурата во проучување на интересната фасада на црквата.


Дали Хамас ќе ја прифати дарежливата понуда на Израел?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително дарежливата“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа.

„Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно дарежлива од израелска страна“, рече Блинкен на Светскиот економски форум, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој нагласи дека Хамас мора брзо да донесе одлука за понудата.

„Се надевам дека ќе донесат правилна одлука“, рече Блинкен.

Делегација на Хамас денеска престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Во саботата, висок функционер на Хамас, Калил ал-Хаја, рече дека групата го разгледува предлогот на Израел, но не даде детали.

Тој истакна дека понудата на Израел за примирје е одговор на предлогот на Хамас испратен пред две недели.

Светските медиуми објавија дека предлогот предвидува примирјето, доколку биде склучено, да биде претставено како „хуманитарен прекин на огнот“.

Хамас би ги ослободил заложниците во замена за неколкунеделен прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.

Разговорите се во застој за двете главни прашања, Хамас бара израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и детали за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори.

Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и дозволувајќи им на жителите да се вратат на север.

Блинкен денеска отпатува за Саудиска Арабија, каде една од темите на разговор ќе биде војната меѓу Израел и Хамас и повоената иднина на Газа.

Шефот на американската дипломатија ќе разговара со саудиски претставници во Ријад, а ќе има средба и со министрите за надворешни работи на Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив.

Тој ќе се сретне со министрите на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, како и со палестинската управа.

По Саудиска Арабија, Блинкен ќе ги посети Јордан и Израел.

Тренчевска: До 2028 година 70% од децата ќе бидат вклучени во предучилишно воспитание

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена.

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена, но дека знае дека градењето на систем е многу поважно за граѓаните отколку само популистички мерки кои не оставаат долготрајни траги во подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните!

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашите политички опоненти. Од 2017 година до денес, владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци на нашето вложување во Неготино, во градинката „Фемо Кулаков“, објектот „Темјанушка“ каде инвестиравме и ги зголемивме капацитетите овозможувајќи детска заштита за дополнително 161 дете“ рече Тренчевска објаснувајќи ги заложбите на СДСМ за унапредување на детската заштита.

Таа посочи дека до 2028 година опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование ќе се зголеми на 70% и дека патот кон исполнување на таа цел ќе се потврди со отворањето на 14 нови градинки во 2024 година!

Тренчевска истакна дека покрај влогот во најмладите СДСМ вложува и во највозрасните!

„Инвестираме во државни старски домови. Во поголеми пензии. Најниска пензија 20000, просечна 30000 денари. Поголеми плати. Минимална плата 36000 денари, просечна плата 67000 денари. Пoголеми права од социјална и детска заштита за 30%. Нови услуги за највозрасните достапни во сите 81 општина“ изјави Тренчевска.

На крај таа повика сите граѓани да ја заокружат опцијата со број 1 на изборите, затоа што нема друг начин Македонија да чекори напред, се наведува во партиското соопштение.

Ролинг Стоунси ја започнаа американската турнеја со распродаден концерт во Хјустон (ВИДЕО)

Легендарната рок група Ролинг Стоунс вчера со концерт во Хјустон ја започна својата турнеја во Северна Америка.

Според американските медиуми, обожавателите на Стоунс патувале од различни американски градови за да го видат еден од најголемите бендови во историјата на рок музиката, загрижени дека ова би можело да биде нивната последна турнеја, пренесува Ројтерс.

Настапот на Стоунс во Хјустон беше првиот од 16-те претстави што бендот ги планираше низ САД и Канада до јули оваа година.

Британскиот рок бенд, кој беше формиран пред повеќе од шест децении, го отвори своето шоу во Хјустон со песната „Start Me Up“, а фронтменот на бендот, 80-годишниот Мик Џегер, се прошета на сцената во јакна на пруги и сива кошула со светки.

Со Џегер, на сцената излегоа Кит Ричардс (80) и Рони Вуд (76), преживеаните членови на јадрото на Стоунси.

притисни ентер