Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
1Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината
2Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината
3Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health
МакедонијаКанал 5 анализа: По медицинскиот персонал, кој е следен на листата за вакцинирање?Вчера пристигна и 3000 дози од руската вакцина, кога ќе почне нивната примена и кој ќе биде прв на списокот за вакцинирање?Во Македонија до сега преку вакцинација мк се пријавиле 75.900 граѓани, а 52.351 граѓанини преку матичен доктор Досега во пунктовите за вакцинација 3.546 доктори се вакцинирани со вакцините на Фајзер. Засега се очекуваат од првата доза на фајзер да се вакцинираат уште 500тини доктори, а веќе по 15 март ќе започне вакцината со втората доза. Три илјади дози од руската вакцина „Спутник“ пристигнаа вчера во Македонија. Во здравство веќе се подготуваат списоците, според списоците до кои дојде канал 5, граѓаните кои се пријавиле за вакцинација според возраста. По здравствените работници ќе се вакцинира категоријата на граѓани над 70 години и ќе бидат повикани со термин од страна на матичните доктори. 70-72 15.234 граѓани 82 – 84 3.635 91-93 293 103 -106 1 Според направените списоци во здравствените домови граѓаните се распоредени- над 85 години во поликлиниката Букурешт каде има 808 пријавени граѓани, во поликлиниката Јане Сандански 532, најмалку во Крушево 8. Над 88 години- 340 во Букурешт во поликлиниката, Јане Сандански 198, најмалку во Дебар 1. До крајот на месецот се очекува од ковакс механизмот да пристигнат и првите дози од астра зенека од 20 до 30 илјади дози. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„BYD“ објавува кога ќе стане најголем производител на автомобили во светотЗа време на годишниот состанок на акционерите на „BYD“, претседателот на Управниот одбор Ванг Чуанфу предвиде дека компанијата ќе стане најголем производител на автомобили во светот во следните пет години.Ванг го истакна незапирливиот раст на кинеските брендови на автомобили на меѓународните пазари, истакнувајќи дека моделите на „BYD“, кои се одликуваат со конкурентни цени, напредна технологија и супериорно корисничко искуство, во моментов значително ги надминуваат многу локални конкуренти низ целиот свет. Иако компанијата првично постави цел да продаде 1,6 милиони возила во странство оваа година, Ванг откри дека сегашните трендови сугерираат дека оваа бројка ќе биде далеку надмината. Нагласувајќи ја долгорочната стратегија за планирање, шефот на „BYD“ истакна дека клучот за стабилен и одржлив раст е локализирање на производството (отворање фабрики на клучните пазари). Зборувајќи за иднината на паметните автомобили, Ванг го опиша модерното возило како форма на „отелотворена вештачка интелигенција“. Со 3,15 милиони паметни возила веќе на патиштата низ целиот свет, „BYD“ собира податоци од 200 милиони километри поминати секој ден. Овој голем збир на податоци служи како основа за развој на следната генерација на системи за автономно возење. Ванг предвидува дека технологиите за автономно возење „L3“ и „L4“ ќе стигнат на пазарот многу порано од очекуваното. Тој потврди дека „BYD“ е целосно подготвен во областа на микрочиповите, напредните алгоритми и целиот екосистем на податоци. „Штом ќе се донесе потребното законодавство, „BYD“ веднаш ќе преземе мерки“, рече Ванг, додавајќи дека компанијата веќе има воспоставено центри за обука во Европа, Јужна Америка, Југоисточна Азија и Блискиот Исток за поддршка на имплементацијата на овие системи. Изовр: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп крена рачнаАмериканскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ги откажал планираните ракетни напади и бомбардирање на Иран што требаше да се случат вечерва.„Врз основа на фактот дека дискусиите со Исламската Република Иран се однесени на највисоките нивоа на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав закажаните напади и бомбардирање на Иран вечерва. Дискусиите и последните точки се одобрени, и концептуално и детално, од сите вклучени страни, вклучувајќи ги САД, Израел, Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други. Морската блокада ќе остане на сила додека не се финализира оваа трансакција - времето и местото на потпишување ќе бидат објавени наскоро“, рече Трамп на мрежата „Truth Social“. Потсетете се дека порано денес Трамп најави силни напади врз Иран. Повикувајќи се на неименувани извори, „CNN“ објави дека Иран преку катарски посредници ѝ го испратил на американската страна најновиот нацрт на потенцијален договор. Катарска делегација го посети Техеран оваа недела како дел од напорите за медијација, а американската страна остана во контакт со медијаторите дури и за време на последната размена на оган меѓу САД и Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаПревентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР ТетовоПревентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово за безбедност во сообраќајот, заштита од имотни деликти и заштита на шумите од сеча и пожари.На 11.06.2026, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка во селата Отовица, Сујаклари, Иванковци и Мамутчево, на подрачје на општина Чашка и село Извор реализираа превентивно едукативни активности под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“. Во рамки на активностите на граѓаните им беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слични со цел брза и навремена реакција. Во текот на летниот период, поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Денеска, на повеќе локации во Делчево реализирана е превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“и „Вози одговорно-Носи Кацига“. На возачите учесници во сообраќајот им беше укажано да внимаваат на техничката исправност на своите возила и беше апелирано да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на активноста на возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина. Исто така, денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП на подрачјето на Ѓорче Петров спроведе превентивно едукативни кампањи од област на имотни деликти „Секој може да биде жртва“, „Внимавај-телефонски измами“ и „Паркирај совесно-паркирај одговорно“. Основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Воедно на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на совесно и одговорно паркирање на моторно возило. Пребенвтивни активности за зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и за побезбеден сообраќај беа реализирани и во Тетово. Притоа, на непосредни средби, граѓаните беа запознаени со улогата, задачите и одговорноста на полицијата. Им беше укажано и како да се заштитат од имотни деликти ( кражби на паричник, ташни и други предмети од вредност), како и за постапката при пријавување на овој вид на настани во полиција. Во Тетово продолжи практичното имплементирање на превентивно едукативниот проект ,,Чекор по чекор“, во кој ќе бидат опфатени децата на предшколска возраст од 14 тетовски детски градинки, на кои полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар им одржуваат предавање и им објаснуваат на децата како да се движат во сообраќајот, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50