Канаѓаните како мерка за заштита ги перат парите (ВИДЕО)

Како и многу канадски бизниси деновиве, италијанскиот ресторан Пица Џиџи се сврте кон перење пари, ни повеќе ни помалку туку пред носот на владата.

Во популарната населба во Торонто, Харборд село,први објавија видеа од операцијата за перење пари на интернет и тоа во пицеријата.

Сè што е потребно за да се претворат валканите пари во чисти е пластична кофа, малку вода и антибактериски сапун и готово. Парите се исчистени од бактерии , а наjважно од коронавирусот.

За оваа борба против Ковид-19  помага фактот што Канада , како и околу 50 други земји низ целиот свет се свртеле кон полимерните банкноти кои се лесни за миење.

Кога излегоа првите полимерни банкноти во 2011 година, многу Канаѓани нгодуваа: сјајните пластични пари едноставно не им се допаднаа.

Но, дури сега Канаѓаните ги видоа придобивките од овие пластични пари со доаѓањето на вирусот и ширењето на пандемијата, не само со капки, туку и со допирање на заразени површини, вклучително и пари.

Многу компании се префрлија на исплата со картички, но за многумина миењето пари е единствениот избор.

притисни ентер