Калас не верува дека денеска ќе има напредок околу усвојувањето на 20-тиот пакет санкции за Русија - Канал 5

Калас не верува дека денеска ќе има напредок околу усвојувањето на 20-тиот пакет санкции за Русија

- Ќе имаме разговори за Украина. Како што знаете, утре е четвртата годишнина од таа ужасна војна и ќе разговараме за 20-тиот пакет санкции, но како што сите знаете мислам дека нема да има напредок околу тоа денеска, но секако ќе вложиме напор.

Калас не верува дека денеска ќе има напредок околу усвојувањето на 20-тиот пакет санкции за Русија

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска пред состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата во Брисел, изјави дека не верува дека ќе биде остварен напредок во усвојувањето на 20-тиот пакет санкции за Русија, поради блокадата на Унгарија и Словачка.

- Ќе имаме разговори за Украина. Како што знаете, утре е четвртата годишнина од таа ужасна војна и ќе разговараме за 20-тиот пакет санкции, но како што сите знаете мислам дека нема да има напредок околу тоа денеска, но секако ќе вложиме напор – рече Калас по пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи.

Таа рече дека се вложуваат „најголеми напори да се спроведе тој пакет санкции“ и оти ќе го покрене тоа прашање со земјите кои го блокираат.

- Но, слушнавме некои многу силни изјави од Унгарија и затоа за жал не гледам дека тие ќе го променат својот став денеска – рече Калас.

Таа рече дека им укажале на тие земји дека нивните проблеми немаат никаква врска со 20-тиот пакет санкции и дека не би требало да се врзуваат нешта кои не се поврзани едно со друго.

- Но ќе ги сослушаме да објаснат зошто го блокираат тој пакет санкции и дали има можност тоа да го надминеме – рече таа.

Минатата недела Унгарија и Словачка соопштија дека ќе ги прекинат испораките на дизел за Украина поради прекинот во испораката на нафта преку нафтоводот Дружба.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, вчера рече дека неговата земја ќе го блокира обидот на Европската унија да го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, како и дека ќе ги запре напорите за доставување понатамошна помош за Украина.

- На утрешниот Совет за надворешни работи, ЕУ има за цел да го усвои 20-тиот пакет санкции. Унгарија ќе го блокира. Додека Украина не го продолжи транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку цевководот Дружба, нема да дозволиме да се носат одлуки кои се важни за Киев – напиша Сијарто на X.

Сијарто додаде дека Унгарија исто така ќе го блокира големиот заем на ЕУ за Украина од 90 милијарди евра, кој би требало да ги подмири воените и економските потреби на Киев во наредните две години.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека Будимпешта одлучила да донесе три контрамерки за да издејствува продолжување на испораките на нафта – извозот на дизел за Украина нема да биде продолжен додека повторно не се воспостават испораките на нафта. Исто така рече дека ќе биде запрен заемот на ЕУ од 90 милијарди евра за чие одобрување е потребна согласност од Унгарија и нема да биде можно да се даде каков било воен заем на Украина додека не се продолжат испораките на нафта за Унгарија.

Покрај тоа, рече Орбан, Унгарија нема да поддржи никаква политика на санкции додека не се продолжи преносот преку нафтоводот Дружба, што значи дека ќе биде одбиен 20-тиот пакет санкции, пренесе шефот на неговиот кабинет на Х.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, исто така рече дека неговата земја ќе ги прекине итните испораки на електрична енергија за Украина ако испораките на нафта не се обноват.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

Денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи.

Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер