Какви пораки беа пратени на чествувањето на Илинден и АСНОМ - Канал 5

Какви пораки беа пратени на чествувањето на Илинден и АСНОМ

За дел од аналитичарите јасни пораки за национално единство, обединување, заштита на државните интереси, евроинтеграциите...

Какви пораки беа пратени на чествувањето на Илинден и АСНОМ

За дел од аналитичарите јасни пораки за национално единство, обединување, заштита на државните интереси, евроинтеграциите, а за дел пак вчершаните говори на одбележувањето на 123 годишнината од илинеденското востание и 82 години од првото заседание на АСНОМ, наместо обединувачки – се слушнале и пораки на поделби. Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски во некои од пораките гледа напад наместо констуктивност во конеткст на нашата мегународна позиција

„Тој популистички наратив фукнционира врз база на некаков непријател и некакво загрозување кон кое ние треба да се обединиме и сплотиме. И во таа смисла пораките за Европската унија дека губат кога ние не сме членка, тие се точни, но повеќе губиме ние – точно е дека ЕУ проширувањето го смета за геополитички приоритет, но за нас недостоткот на проширување многу брзо се прелева во недостаток на вода за пиење, недостаток на собирање отпад.....“ - Петар Арсовски – политички аналитичар.

За поранешниот амбасор пак Ристо Никовски, нема никакви дилеми дека владата прави се што може за што поскоро земјава да стигне во Брисел и токму таква јасна порака според него била испратена и вчера, но вели пречките на кои наидуваме се огромни и сите критики според него кои доаѓаат од опозцијата се апсолутно неидржани.

„Проблемите со кои се соочуваме, проблемите кои се пред нас се огромни и дека суштината не мора и не смее да се бара во Брисел и Софија ние мора да ги исправиме историските грешки, капитулациите и предавствата што ги направи претходната влада во дипломатијата меѓународните договори се склучуваат и раскинуваат и наш потег во таа насока мора да биде ввториот протокол. Тој нема никакво правно дејство, е тотално не легален, но тој е суштината на нашата преговарачка рамка и како и другите протокли кои треба да се потпишуваат во иднина и затоа Македонија мора да превземе кција и да ги расчисти тие дилеми .....“ - Ристо Никовски – поранешен амбасадор.

Инаку шефот на македонската дипломатија во неколку наврати изминативе денови, иако не отркива детали посочи дека се водат разговори за излез од европскиот ќор сокак... Муцунски пред неколку дена во Вести плус на Канал 5 рече дека една од опциите кои се намаса се и уставни измени со одложено дејство...

Во вчерашните илиденски пораки претседателката Сиљановска Двакова посочи дека За тешко изборената држава некому не должиме ништо и никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

Премиерот Мицкоски пак,рече дека секоја генерација има свој Илинден а обврска на оваа генерација е да ја врати довербата во институциите, достоинството и иднината на државата, упатувајќи истовремено и критики до политичките опоненти - повторувајќи го Ставот дека никогаш нема да прифати нови остапки на патот кон ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затворени се сите четири аеродроми во Москва поради напади со дронови- се евакуираат патниците

Сите четири московски аеродроми денеска повторно беа затворени за дојдовни и појдовни летови поради напади со беспилотни летала врз руската престолнина. 

Затворени се сите четири аеродроми во Москва поради напади со дронови- се евакуираат патниците

Во Шереметјево (SVO/UUEE) повторно беше прогласена воздушна тревога, а патниците беа упатени во безбедни зони и засолништа.

Руската федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) воведе ограничувања на аеродромите Шереметјево (SVO/UUEE), Домодедово (DME/UUDD), Внуково (VKO/UUWW) и Жуковски (ZIA/UUBW). Пристигнувањата и полетувањата на авионите се суспендирани од безбедносни причини за летовите.

Во Шереметјево, од патниците се бара да се оддалечат од прозорците и стаклените површини и да се префрлат во најблиските безбедни области на терминалот. Влезот во стерилните зони на сите терминали е ограничен, додека персоналот на аеродромот ги насочува патниците и ги информира за ситуацијата преку звучници. На патниците им беше кажано и да не користат лифтови или авиони како засолништа.

Ограничувањата беа воведени додека руската воздушна одбрана се обидуваше да одбие напад врз московската област. Градоначалникот Сергеј Собјанин неколку пати во текот на денот изјави дека се соборени дронови, кои, според него, летале кон руската престолнина. Службите за итни случаи беа испратени на местата на несреќите.

Затворањето на воздушниот центар на Москва предизвика големи нарушувања на распоредот на летовите. Повеќе од 340 летови беа одложени или откажани од почетокот на денот, според податоците од онлајн таблите на аеродромите објавени од руските медиуми.

Некои авиони што веќе летаа за Москва беа пренасочени кон алтернативни аеродроми. Пулково (LED/ULLI) во Санкт Петербург прифати 25 летови насочени кон Москва, додека Нижни Новгород прифати уште 13 авиони.

Аерофлот и Русија ги менуваат своите распореди на летови поради ограничувањата, при што летовите се откажуваат, одложуваат и пренасочуваат кон алтернативни аеродроми. Компаниите предупредија дека доцнењата може да продолжат дури и по повторното отворање на воздушниот простор, делумно поради ограничувањата на работното време на екипажот. Ситуацијата се менуваше неколку пати во текот на денот, при што ограничувањата беа укинати, а потоа повторно воведени. Според најновите достапни информации, сите четири московски аеродроми повторно се затворени, додека воздушната тревога е повторно активирана на Шереметјево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна новоизградена зграда во Кенија- имала градежна, но не и употребна дозвола (ВИДЕО)

Зграда во изградба се урна денеска во Најроби, главниот град на Кенија. 

Се урна новоизградена зграда во Кенија- имала градежна, но не и употребна дозвола (ВИДЕО)

Се стравува дека голем број луѓе се затрупани под урнатините. Повеќе од десет ката се урнаа еден врз друг, а зградата остана огромна куп бетон, пишува АП.

Зградата се урна околу 13 часот на прометна шопинг улица во областа Истли, низ која секојдневно минуваат илјадници луѓе. Шефот на полицијата во Најроби, Иса Мохамуд, рече дека сè уште се работи на повеќе од десет горни катови. Спасувањето беше уште потешко поради немирите во близина. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера луѓето кои почнаа да ги ограбуваат продавниците во близина, додека спасувачите се обидуваа да стигнат до урнатините.

Џозеф Каула, кој работеше на петтиот кат, успеа да избега непосредно пред да се урна зградата. Тој рече дека слушнал вресоци и ги видел колегите како трчаат кон излезот и викаат дека зградата се урива. „Јас бев последниот човек што излегол пред сè да се урна. Целата област беше исполнета со прашина“, рече Каула.

Тој се плаши дека неколку негови колеги се закопани во подрумот. Полицијата потврди дека една повредена жена е извлечена од урнатините и однесена во болница. Спасувачите слушнале и друго лице кое повикува на помош, но нејзиниот глас подоцна не се слушнал. Мохамуд предупреди дека постои опасност од понатамошни уривања бидејќи дел од срушената зграда се потпира на соседна зграда.

Ги пребарувале урнатините со часови без тешка механизација

Спасувањето на почетокот било тешко бидејќи на местото на несреќата немало тешка механизација. Спасувачите ги пребарувале урнатините со часови користејќи дрвени столбови. Подоцна, пристигнал багер и почнал да отстранува големи парчиња бетон, а до вечерта биле доставени уште најмалку две работни машини.

Спасувачите се обидуваат да најдат простори во подрумот и приземјето каде што можеле да преживеат. Во тие делови од зградата, и покрај работата на горните катови, веќе работеле продавница за електроника, месарница и продавница за храна.

Жителите рекле дека некои членови на семејството кои останале под урнатините веднаш им се јавиле по уривањето и побарале помош. Сепак, подоцна повеќе не можеле да ги контактираат преку мобилни телефони. Во близина на местото на несреќата е поставен шатор каде што граѓаните можат да пријават исчезнати членови на семејството. Сè уште не е познато колку луѓе биле закопани.

Зградата имала дозвола за градење, но не и дозвола за вселување

Паѓањата на згради се чест проблем во Најроби, каде што локалните власти често се критикувани за лабав надзор на градежните работи и недоволни безбедносни контроли. „Ќе се спроведе истрага. Ќе се погрижиме одговорните за каква било небрежност да завршат на суд“, рече Мохамуд.

Гувернерот на Најроби, Џонсон Сакаја, потврди дека срушената зграда имала дозвола за градење, но немала дозвола за вселување. Ова значи дека продавниците на приземјето не смееле да бидат отворени. Сакаја рече дека на локалните власти им се потребни поголеми овластувања за надзор на градежните работи. Тој верува дека сегашните казни за кршење на градежните прописи се премногу благи и не ги одвраќаат инвеститорите од опасни практики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драмата во Италија продолжува: Камионџиите и фармерите ги прекинаа блокадите, но гориво нема

Последните блокади на патиштата што ги поставија возачите на камиони и земјоделците во италијанскиот регион Кампанија поради високите цени на горивата беа укинати преку ноќ во областите Казерта и Салерно.

Драмата во Италија продолжува: Камионџиите и фармерите ги прекинаа блокадите, но гориво нема

Последните блокади на патиштата што ги поставија возачите на камиони и земјоделците во италијанскиот регион Кампанија поради високите цени на горивата беа укинати преку ноќ во областите Казерта и Салерно, но многу бензински пумпи остануваат без гориво.

Според Анса, протестите, кои зафатија неколку делови од јужна Италија во текот на изминатата недела, предизвикаа сериозни нарушувања во работењето, доведоа некои компании на работ на прекин на производството и предизвикаа недостиг во супермаркетите и пазарите.

Возачите на камиони во Калабрија, каде што започнаа протестите, и на Сицилија ги отстранија блокадите претходно оваа недела.

Откако беа укинати последните блокади во Кампанија, супермаркетите постепено почнаа да се снабдуваат со залихи и да се враќаат во нормално работење денес. Фото: Танјуг/АП

Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека идентификувало 1.339 лица и пријавило 71 лице на властите за учество во блокадите на патиштата.

Владата на италијанскиот премиер Џорџо Мелони вчера усвои пакет помош за секторите за патен транспорт, земјоделство и рибарство.

Мелони рече дека владата повеќе нема да толерира блокади на патиштата и ќе ги користи сите расположливи законски средства, вклучително и одредбите од безбедносниот декрет што ги прави блокадите на патиштата кривично дело.

- Оваа влада целосно ги почитува оние кои сакаат да протестираат и ги слуша оние кои бараат помош, под услов да ги почитуваат правилата - рече Мелони, додавајќи дека властите нема да прифатат уцени од оние кои користат насилство како средство за притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер