Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
1Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.
3Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
МакедонијаКакви ефекти во Македонија ќе предизвика глобалниот скок на цените на горивата? Новите повисоки цени на горивата се одразуваат и на цените на рафтовите. Од зејтин и јајца до овошје и зеленчук – граѓаните велат дека секојдневно се соочуваат со повисоки цени во маркетите и на пазарите. Директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски вели дека во моментов се испитува дали има оправдување за поскапувањето на одредени производи, но евентуални злоупотреби би можеле да се констатираат дури по направените детални анализи кои би можеле да потраат. Од друга страна експертите предупредуваат дека состојбата на Блискиот исток и зголемувањето на цената на нафтата и понатаму ќе врши притисок врз цените, и тоа не само на прехранбените производи. Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупредува дека доколку не се контролира спроведувањето на Законот за фер трговски практики, дел од трговците би можеле да ја злоупотребат состојбата. Иако празнично и продавниците не работат, дел од граѓаните денеска ги затекнавме на зелените пазари. Велат веќе размислуваат од што да скратат, за да ги обезбедат основните намирници. Во меѓувреме, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во телевизиско гостување уверува дека состојбата се следи, а доколку ескалира кризата, како што рече ќе се направат приоритети и реорганизација, а приоритет ќе биде навреме да се исплатат платите, пензиите, социјалната помош. Во понеделник се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги соопшти новите цени на горивата, откако во два наврати бензинот поскапе вкупно 12, а дизелот за 21 денар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЖивотКашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.Кашкавал како залог за кредит? Оваа банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста. Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало. Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко. По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат најмалку 12 месеци, а многу од нив и по две до три години. Токму овој долг процес на зреење создава проблем што нема многу врска со вкусот. Производителот на млеко има трошоци на секои 30 дена, додека пари од готовиот производ – сирењето – добива дури по една или две години. Помеѓу овие две точки постои јаз кој со векови претставува сериозен проблем за малите производители, бидејќи за време на зреењето нивниот капитал е практично „заробен“ на полиците. Решението што се применува во Емилија банка веќе седум децении звучи речиси неверојатно, но всушност претставува многу сериозен банкарски производ: сирење како залог за кредит. Италијанската банка „Credito Emiliano“ (позната како „Credem“) од Реџо Емилија ја спроведува оваа практика уште од далечната 1953 година. Производителот ги носи младите тркала од „Пармиџано Реџано“ во магацинот на банката; банката ги презема, ја проценува нивната вредност и одобрува кредит во висина од 60 до 80 проценти од таа вредност. Во меѓувреме, сирењето останува во магацинот на банката како залог и продолжува да зрее. Кога производителот ќе го отплати кредитот, сирењето го презема назад и го продава. Доколку не успее да го врати долгот, банката располага со стоката – која во меѓувреме честопати вреди повеќе отколку на денот кога била примена, што е прилично невообичаена карактеристика кога станува збор за залог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВидео: Паника во Глазгов: Змија напаѓа на улицаЗмија се појави пред луѓе и почна да ги напаѓа. Исплашеното животно е пронајдено на прометна улица, а еден минувач успеа да го фати и да го предаде на обезбедувањето.Необична глетка е забележана во Глазгов, каде што змија е пронајдена на прометна улица, а исплашеното животно се обидело да ги касне минувачите. Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува змијата како одеднаш се нафрла на луѓето што минуваат и се обидува да ги касне за глуждовите. Глетката предизвикала страв кај минувачите, но експертите истакнуваат дека змиите од пченка генерално не се агресивни или отровни. Нејзиното необично однесување најверојатно било резултат на страв и стрес. Овој вид не е роден во Велика Британија, па затоа се претпоставува дека е изгубено или напуштено домашно милениче. Змиите од пченка природно ги населуваат југоисточните делови на Соединетите Американски Држави. Еден од случајните минувачи на крајот успеа да го фати животното и да го предаде на обезбедувањето во трговскиот центар „Сент Енок“. Тагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗабаваПрва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола. Вечерва, програмата продолжува. Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден. Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар. Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter