ЖивотКашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.Кашкавал како залог за кредит? Оваа банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста. Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало. Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко. По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат најмалку 12 месеци, а многу од нив и по две до три години. Токму овој долг процес на зреење создава проблем што нема многу врска со вкусот. Производителот на млеко има трошоци на секои 30 дена, додека пари од готовиот производ – сирењето – добива дури по една или две години. Помеѓу овие две точки постои јаз кој со векови претставува сериозен проблем за малите производители, бидејќи за време на зреењето нивниот капитал е практично „заробен“ на полиците. Решението што се применува во Емилија банка веќе седум децении звучи речиси неверојатно, но всушност претставува многу сериозен банкарски производ: сирење како залог за кредит. Италијанската банка „Credito Emiliano“ (позната како „Credem“) од Реџо Емилија ја спроведува оваа практика уште од далечната 1953 година. Производителот ги носи младите тркала од „Пармиџано Реџано“ во магацинот на банката; банката ги презема, ја проценува нивната вредност и одобрува кредит во висина од 60 до 80 проценти од таа вредност. Во меѓувреме, сирењето останува во магацинот на банката како залог и продолжува да зрее. Кога производителот ќе го отплати кредитот, сирењето го презема назад и го продава. Доколку не успее да го врати долгот, банката располага со стоката – која во меѓувреме честопати вреди повеќе отколку на денот кога била примена, што е прилично невообичаена карактеристика кога станува збор за залог.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаПораката од Софија е повеќе од јасна дека нема да ја екстрадира Михаилова, вели ДавидовиќВчерашното соопштение од бугарското МВР, според правните експерти, е јасен сигнал дека Софија нема да ја екстрадира Ива Михаилова, повикувајќи се на нејзиното бугарско државјанство. Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека иако бугарското МВР се осврнува на технички детали околу црвената потерница, за правните експерти пораката од Софија е повеќе од јасна – Бугарија нема да го екстрадира својот државјанин. Меѓу редови соопштението на бугарското МВР кажува и се повикува дека е државјанин и на Република Бугарија и посочува дека секоја држава има право да не екстрадира свој државјанин. И најверојатно во таа насока и ќе оди целата постапка. Се друго наведено во соопштението се однесува на технички дали има или нема црвена потерница итн. Но суштината е дека меѓу редови свој државјанин не се спремни да екстрадираат. Дури и евентуалното распишување црвено известување од Интерпол нема драстично да ги смени работите, смета Давидовиќ, бидејќи во случајот дополнително се прекршуваат политиката и нарушените односи меѓу двете земји. Но, главниот пропуст, според него, е направен дома – со тоа што на осомничената не ѝ беше веднаш одреден притвор. Факт е дека до вакво нешто не можело и не смеело да дојде затоа што најчесто во вакви тешки кривични дела, тешки дела против безбедноста на сообраќајот, во 99% од случаите се определени мерки притвор. Зошто тоа и овде не е направено, тоа треба да објасни и обвинителот кој не го побарал и судот кој не определил мерка. Пред Основниот суд во Кочани веќе се одржаа неколку рочишта против Михаилова, која се товари за тешки дела против безбедноста на сообраќајот, со смртни последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легалноИва Михаилова и татко и ќе одговараат, уверува премиерот Христијан Мицкоски отфрлајќи ги обвинувањата од опозицијата за наводен договор околу нејзиното бегство од земјава. И покрај тоа што Бугарија навести дека нема да ја екстрадира, тој ги повика тамошните власти да ја предадат и да одговара пред македонските органи. Како ја напуштила државата, Мицкоски вели МВР се уште истражува, но јасно е дека таа и адвокатот преминале граница на нелегален начин. „Тоа што опозицијата и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија говори многу за тоа што и каква била намерата. Ниту Ива е намерата ниту било што. Намерата е да се создаде политичка тема за која претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин ќе обезбедат одредена корист за опозицијата. Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска да ги донесат и да видиме дали е така договорено или не. / Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. Тоа што сум го кажал сум го направил. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот со критики за политичкиот врв во Бугарија бидејќи застанаа во одбрана на Михаилова, потег кој оценува дека наштетува на меѓусоседските односи. „ Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која сама себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука да изберат ваква политика.. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната за којашто е осудена, тие од него прават естрадна звезда и кловн.. “ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Македонското министерство за надворешни работи пред два дена го повика бугарскиот амбасадор во земјава за да ја пренесат пораката и по дипломатски пат, дека најавите за прием на високо ниво за Михаилова за Македонија се провокација. Досега најава за средба со неа има од претседателката Илијана Јотова, која за случајот го информирала главниот комесар за човекови права во Обединетите Нации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПовеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрагаГолем број пожари беснеат во бразилскиот дел на Амазон, а нивниот интензитет е зголемен поради климатските промени, феноменот „Ел Нињо“ и човечките активности, наведуваат научници и официјални претставници.Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон. Чадот предизвика проблеми со дишењето кај населението, а во најмалку 36 општини е прогласена вонредна состојба. Поради лошиот квалитет на воздухот во Манаус, откажани се настаните на отворено, а државните училишта денеска се затворени, пренесува Ројтерс. Бразилските власти се сомневаат дека многу од пожарите биле намерно предизвикани за да се расчистат шумите и да се подготви земјиштето за земјоделство и сточарство. Бразилското Министерство за животна средина најави истрага откако од авиони биле забележани пожари во заштитени шумски подрачја. Федералните власти и службата за цивилна заштита испратија авиони и противпожарни екипи во Амазонас за да помогнат во гаснењето на пожарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook