Ѓоковиќ се враќа во Синсинати! - Канал 5

Ѓоковиќ се враќа во Синсинати!

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи  на Мастерсот 1000 во Синсинати по тригодишна пауза.

Ѓоковиќ се враќа во Синсинати!

Последниот пат кога популарниот Ноле беше во Охајо, тој ја освои титулата во онаа славна финална пресметка против Карлос Алкараз.

„Со нетрпение очекувам да играм на овој турнир. Последен пат играв овде во 2023 година и инфраструктурата е значително подобрена. Одлична работа“, изјави Ѓоковиќ.

Негов прв противник ќе биде Аргентинецот Тиаго Агустин Тиранте, 50-тиот играч во светот.

Пред два дена, Тиранте го елиминираше домашниот претставник Јан Чоински, по тај-брејк во одлучувачкиот сет. Ова ќе биде нивната прва меѓусебна средба, и тоа на турнирот каде што сè започна за Новак.

Токму во Синсинати тој го одигра својот прв меч на ова ниво, а оттогаш има освоено рекордни 40 титули на турнирите од серијата 1.000. Уште во 2005 година, тој загуби од Фернандо Гонзалез во првото коло, а 21 година подоцна влегува во главната жрепка како трикратен шампион.

Новак триумфираше во 2018, 2020 и во споменатата 2023 година, кога спаси меч-топка против Алкараз, а потоа славеше по три часа и 49 минути игра – што и натаму претставува најдолго финале во историјата на АТП-турнејата кога станува збор за мечеви што се играат на два добиени сета.

„Имав голема поддршка овде, од Чикаго и од Охајо. Српската заедница е навистина голема. Тоа е она што го паметам од финалињата во 2023 и 2018 година. На стадионот имаше многу српски знамиња. Беше навистина убаво“, изјави Новак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се откажува ли Милан од Леао?

Милан се откажува од  Португалецот Леао?

Се откажува ли Милан од Леао?

Италијанскиот фудбалски гигант Милан одлучил да го намали обештеувањето за својата ѕвезда на 50 милиони евра.

Рафаел Леао би можел да го напушти Милан пред затворањето на преодниот рок.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Рубен Аморим не го вклучува во своите планови и дека клубот веќе го известил тимот на играчот за тоа. Наводно, Милан е подготвен да прифати понуда која, вклучувајќи ги и бонусите, би достигнала околу 50 милиони евра

. Галатасарај би можел повторно да се обиде да го ангажира португалскиот фудбалер, откако Габриел Мартинели го одби трансферот во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според ч

ЈО: Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

Осомничениот, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка.

Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција.

Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово.

Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер