Јубилејно 25-то издание на „Поетската ноќ во Велестово“ - Канал 5

Јубилејно 25-то издание на „Поетската ноќ во Велестово“

Со поетското претставување на дел од творечкиот опус на 14 млади автори, претставници на иднината на македонската поезија, вечер во охридското село Велестово ќе биде отворено 25-то јубилејно издание на „Поетската ноќ во Велестово“, јави МИА.

Јубилејно 25-то издание на „Поетската ноќ во Велестово“
Наспроти досегашната практика првата поетска вечер од дводневната манифестација да биде посветена на творештвото на еден познат македонски поет, оваа година, токму поради јубилејот, првата ноќ ќе биде посветена на младата македонска поезија, преку портрет на поетското творештво на 14 поети од помладата генерација.

- Овие млади автори се луѓе кои веќе имаат барем една стихозбирка зад себе, кои редовно објавуват свои дела во македонските литературни списанија, а дел од нив веќе се пробиваат надвор од границите на Македонија, со учества на интернационални фестивали, со препеви на нивни дела објавени во меѓународни литературни списанија, појасни Јулијана Величковска од Организицискиот одбор на манифестацијата.

Во рамки на првата вечер, традиционално ќе биде претставено и творештвото на еден од претставниците на македонското сликарство, овојпат преку тематската изложба „Поетика и политика“ на академскиот сликар Александар Станковски.

Втората поетска вечер е резервирана за интернационално поетско читање, на кое дел од својот поетски творечки опус ќе претстават шест поети од пет земји - Одвиг Клив од Норвешка, Татјана Данилијанц од Русија, Жељко Миловиќ од Црна Гора, Поли Муканова и Роман Кисјов од Бугарија и Игор Тиш од Словачка.

- По поетското читање ќе биде провоморана и тукушто издадената стихозбирката „Со други очи“ на поетесата Одвиг Клив, чиј промотор ќе биде магистер Славица Гаџова, истакна Величковска.

Норвешката поетеса Клив за вљубениците во поезијата во Велеството ќе потпишува сто примероци од нејзината стихозбирка на македонски јазик.

Основачот на манифестацијата, охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски изрази задоволство што „Поетската ноќ во Велестово“ со својата специфичност, оригинална физиономија успеала да се избори за статусот најголемо поетско збиднување во земјата, доколку се изземат Струшките вечери на поезијата како најголема светска поетска манифестација.

- Патот не беше лесен, но желбата да се истрае, односно да се покаже дека во овие сурови времиња кога поезијата отстапува пред новите медиуми, донесе резултат. Таа покажа дека може да се најде простор, место во кое поезијата ќе прозвучи исконски, поетскиот јазик да се врати онаму од каде излегол, во своето извориште, во малите средини каде луѓето често се разбираат коминицираат со метафори, фрази, гноми, како што било впрочем и во далечното минато кога луѓето повеќе се разбирале преку звуци, куси дијалози, наспроти подоцнежниот прозаичен израз, рече Димоски.

Манифестацијата што се наметна како едно од најзначајните културни збиднувања во градот, а како поетски настан веќе доби меѓународна димензија, се одржува под покровителство на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија.

Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times.

Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море.

Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море.

Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат.

Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил.

Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја.

Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Филхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис.

Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер