ЈПКХС: Во текот на минатата недела се отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонии - Канал 5

ЈПКХС: Во текот на минатата недела се отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈПКХС: Во текот на минатата недела се отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 130 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 28 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 17, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Ведрана Рудан: Хрватската писателка ја загуби битката со ракот

Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, објавија хрватските медиуми. 

Почина Ведрана Рудан: Хрватската писателка ја загуби битката со ракот

Тажната вест ја потврдиле извори блиски до писателката, откако на нејзиниот официјален профил на Фејсбук била објавена кратка, препознатлива порака од администраторот дека таа „се преселила на место без сигнал“.

На нејзината официјална страница на Фејсбук се појавила мистериозна објава: „Ведрана замина на место без сигнал.“

Се бореше со рак

Ведрана Рудан, хрватска писателка, новинарка, колумнистка и активистка, во почетокот на мај 2024 година објави дека боледува од рак.

„Мојот рак е ебено редок, се вика рак на жолчните канали, ми се чини. Не ја прочитав ниту отпусната листа, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Сепак, некаде прочитав дека од првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го изневериш сопругот, да ги лишиш децата од наследство или љубовникот да го испратиш по ѓаволите. И не е некој рок. Само 5 отсто од среќниците можат да бидат оперирани. Јас сум меѓу нив“, напишала тогаш Рудан.

Таа навела и дека најпрво отишла во Света Недела на радиохирургија, каде што туморот бил третиран пред операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн: „Сега е вистинското време за преговори за продолжување на договорот со Баерн М.“

Капитенот на Англија и напаѓач на Баерн, Хари Кејн, вчера се врати на групните тренинзи на баварскиот гигант по одморот што уследи по Светското првенство.

Хари Кејн: „Сега е вистинското време за преговори за продолжување на договорот со Баерн М.“

По тренингот на првата средба со новинарите најдобриот стрелец на Баварците, зборуваше за преговорите за продолжување на договорот и за кандидатурата за „Златната топка“.

Актуелниот договор на Кејн со Баерн истекува на крајот од сезоната 2026/27, па англискиот голгетер потврди дека наскоро ќе започнат преговорите за продолжување на соработката. „Јасно ставивме до знаење дека сакаме да разговараме по Светското првенство и по мојот одмор. Разговорите ќе започнат оваа или следната недела. Сега е вистинското време за почеток на преговорите, бидејќи ни преостанува само уште една година. Двете страни се опуштени“, изјави Кејн.

Што се однесува до престижната „Златна топка“ (Ballon d'Or), Кејн остана скромен, но и оптимист. „Многу сум горд на сезоната што ја одиграв минатата година. ’Златната топка’ е најголемото достигнување од индивидуален аспект. Тоа не зависи од мене. Го направив она што беше во моја моќ во однос на моите настапи.

Секако, би било фантастично доколку се оствари тоа. Но, на крајот на краиштата, остануваат уште два или три месеци до одлуката.“ Кејн исто така истакна дека негов приоритет е што поскоро да се врати во ритам и да смета на настап во германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд, кој ќе се одигра во сабота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури

Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваат

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури

За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена.

Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДС кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност.

Таквото однесување на талогот на СДС, не е однесување на одговорна опозиција, туку обид со умисла, преку создавање недоверба на граѓаните во институциите, да се добиваат евтини политички поени.

Во изминатиот период беа пласирани тврдења поврзани со безбедноста на водата во Скопје, кои со факти, документи и докази беа демантирани од надлежните институции. Во меѓувреме, последните испитувања во Гостивар покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење, а институциите продолжуваат да ја следат состојбата.

Наместо да ги поздрави информациите дека проблемот е надминат, предавничката СДС и талогот кој останал во неа, продолжува со обиди да создава сомнеж и вознемиреност кај граѓаните.

Тука се поставува едноставно прашање, зошто на СДС му смета и се спротивставува на секое потврдување дека институциите функционираат и дека проблемите се решаваат?

Многу е очигледно дека, без конкретна политика и решенија, со многу проблеми, во страв и хаос, СДС единствено се обидува од секоја тема да создаде политичка криза.

Граѓаните заслужуваат точни информации и факти, а не сценарија за создавање страв и паника кои ги креираат пајташите на СДС, и тоа додека Венко Филипче со неговиот ментор, Зоран Заев уживаат на јахтата во Паљури, во Грција.

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, состојбата се следи, а политичкото профитирање преку ширење паника не може да ја замени одговорната политика.

СДС треба да разбере дека довербата кај граѓаните се гради со факти, одговорност и решенија, а не со ширење хистерија, дезинформации и со измислени кризи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер