Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
2Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
1Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
МакедонијаЈО: Предложен притвор за осомничен за убиство при семејно насилство во ТаорОсновното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен каде физички ја нападнал. Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише. Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на лице место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната. На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција. Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да стори ново кривично дело. Во прилог на ова, обвинителството особено го имаше предвид видот и тежината на кривичното дело, како и начинот на неговото извршување кој вклучува претходен период на планирање, но и временски период по настанот во кој осомничениот го прикривал телото на оштетената, истовремено создавајќи привидна слика на загрижен сопруг кој активно учествува во нејзиното барање и обидувајќи се да си создаде алиби за да избегне кривичен прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТемпературните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотициНиските утрински температури, а поладневните летни повисоки ги зголемија настинките кај педијатрите и семејните доктори. Чести се вирусните инфекции со зголемена температура до 38. Најмногу на удар се децата во градинка и децата од помалите одделенија. Докторите со совет за слојно облекување, потопло наутро, а веќе од попладне во летна облека. „Многу е важно веќе да се почне со витамин Д, децата да се рехидрираат и да не се посегнува по антибиотици“, вели д-р Мира Атанасова педијатар. И во детската клиника Козле во амбулантите се зголемени ангините и респираторните инфекции кај малите деца. Промената на температурата е голема главоболка и за метереопатите, промена во притисокот, слаба концентрација и проблеми со спиењето, објаснува Атансова. „Редовно земање на терапија, да се оди на прошетки кога е стабилно времето. Промените на времето многу предизвикуваат промена и со крвниот притисок, истиот редовно да се контролира“, вели д-р Мира Атанасова педијатар. Од УХМР за утре најавуваат топло и стабилно време од недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе има пад на температурите максималните температури ќе бидат 25 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовисока казна за паркирање, отколку за фрлање ѓубре во река: Парадокс во казнената политикаГоспоѓата која од Порше фрли ѓубре од мост во реката Лепенец, а потоа насмеано и мафна и на камерата, доби повисока казна за непрописното паркирање, отколку за загадување на животната средина.Ако во Европа би ве чинело стотици евра, фрлањето на отпад од овој мост во реката ќе ве чини 40 или ако платите во рок од една недела, само 20 евра. Па, ваквиот случај отвори низа дилеми и прашања во јавноста – дали казнената политика е соодветна или само ги охрабрува ваквите постапки. Според еко-активистите, законот за јавна чистота треба да се промени итно, оти без драконски казни, ќе продолжиме да се давиме во отпад, но сметаат и дека повторно треба да стане популарна општокорисната работа – па кој се однесува несовесно, да си добие метла и да чисти низ градот еден месец. Воедно, сметаат дека добар дел од проблемот почива и врз воспоставениот систем кој мора да се подобри. -Единствен начин да се казни одлагањето на отпад од физичките лица е преку законот за јавна чистота, мора да се работи на зголемување на тие казни, во моментов можеби ќе делуваат драконски, но кога се соочувате со толку големо количество на отпад, мора да се започне од тоа. И во однос на реакцијата на институциите имаме мало заостанување, законот како закон постои, но постапувањето по истиот е многу ретко. Недоволно за тоа со кое ние се соочуваме. Дали е потребно многу поголемо на терен на комунални инспектори, МВР, комунални редари, тоа е работа која институциите треба да ја решат, но очигледно тоа ни недостасува најмногу од се,- - Татјана Стојановска – Еко-активист – „Независни за Карпош“. Од Град Скопје се на иста линија со еко – активистите, казните се ниски и се работи на нивна корекција. Воедно, уверуваат дека се работи и на воспоставување подобар систем, во кој е предвидена и долгонајавуваната комуналната полиција, предлог-закон кој е доставен до Владата. Што се однесува до жената која фрли ѓубре во Лепенец добила казна и од нив. -Како Град Скопје сметаме дека постојната казнена политика за одредени прекршоци не е доволно, а за дел од прекршоците предвидените глоби се ниски. За таа цел Градот Скопје има изработено анализа и конкретни предлози за измени на законската регулатива, со цел санкциите да бидат поефикасни и соодветни на прекршоците. Во насока на воспоставување поефикасен систем на комунален ред, до владата е доставен предлог – законот за комуналната полиција,- - Град Скопје. Во моментов, градскиот инспекторат располага со 13 комунални инспектари и 10 комунални редари, кои како што велат, на терен се во три смени, а согласно потребите, најавуваат и зголемување на тимот. Воедно, испланирано е и поставување на камери со кои меѓудругото ќе спречува одлагање на отпад каде што не му е место. Во меѓувреме, состојбата околу мостот на Лепенец во Карпош, од ден во ден е во се полоша состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕкономијаГолем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании3.200 фирми или само 4,7% од претпријатијата во земјава се под странска контрола, но во нив работи речиси секој четврти вработен, а создаваат дури 37% од вкупната бруто додадена вредност – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Посовремената технологија, автоматизацијата и поголемата продуктивност се само дел од причините кои според претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров им даваат поголема економска тежина на странските компании. Дополнителна вредност според Димитров компаниите добиле и со поволностите кои добиле при влезот на пазарот во земјава, меѓу кои и десетгодишното ослободување од данок на добивка. Со ова смета дека се оставило простор за повисоки плати и подобри услови за работа, што привлекува поквалитетна и продуктивна работна сила. -Тоа не се мали привилегии, бидејќи на една плата од 30.000 денари, вие треба да платите даноци и придонеси од 15.000 денари. Тоа ви дава доволно можност да платата ја зголеми за 5 или 10.000 повеќе отколку би работеле во нормална македонска компанија. Но и во периодот кога завршија тие 10 години, тие компании веќе се дотолку финансиски стабилни и имаат доволно можности да исплаќаат повисоки плати. Од друга страна имаат разни сектори за човечки ресурси каде што работат на мотивација на работниците, на условите за работа и така натаму,- Ангел Димитров – организација на работодавачи. Сепак, Димитров вели дека статистиката не ја толкува како доказ дека домашните компании се помалку продуктивни. Објаснува дека разликата е структурата во домашната економија, составена од голем број на микро и мали претпријатија, што значи помал број на вработени и помал економски капацитет. - Нашиве поголеми компании кои се во слични дејности не заостануваат за продуктивноста од странски компании во ТИРЗ зоните, но за жал ние имаме многу мали микрокомпании кои се на број многу, а учествуваат со многу мал процент во бројот на вработените и во многу мал процент да речеме во бруто домашниот производ, бидејќи најголем процент од тие компании се трговски компании кои увезуваат некоја роба или се работи за мали услужни компании, така да не можат да се споредат ниту можностите ниту резултатите што ги прават тие наши микро и мали компании,- Ангел Димитров – организација на работодавачи. Според податоците на ДЗС најголемиот дел од бруто-додадената вредност странските компании ја создаваат во преработувачката индустрија, односно 35,3%, потоа во секторот комуникации со 16.7% и тргоцијата со 11,5%. Најголем број од фирмите се од Турција, околу 18 проценти, но најголема додадена вредност создават фирмите од Австрија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook