Јавноста вознемирана од шпекулации за смртта на средношколец во Скопје - Канал 5

Јавноста вознемирана од шпекулации за смртта на средношколец во Скопје

Низа реакции со сомнежи и изразувања сочувства на социјалните мрежи за случајот со матурантот од скопската гимназија „Георге Димитров“ што е починат.

Јавноста вознемирана од шпекулации за смртта на средношколец во Скопје

Низа реакции со сомнежи и изразувања сочувства на социјалните мрежи за случајот со матурантот од скопската гимназија „Георге Димитров“ што е починат, а за кој првично на „Фејсбук“ објави универзитетската професорка Виолета Ачкоска. Нејзиниот пост во кој стоеше дека „гимназијалецот претходно бил отруен од дрога ставена во пијалок во кафуле, со поставено прашање дали се знае и за слични случаи на деца што по халуцинации се фрлале од петти кат“, брзо стана вирален и беше споделуван масовно на мрежите и на порталите, попладнево беше избришан. Претходно, Ачкоска во телефонски разговор за Канал 5 кажа дека не го познава ниту средношколецот, ниту неговите родители, а случајно некој и раскажал за него, па бидејќи се вознемирила решила да напише јавен коментар на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, учениците со кои матурантот до пред некој ден седел и учел во иста училница, велат дека Јован бил мирен и повлечен, не бил многу комуникативен. Зад камерите и деца од другите класови што не го познавале многу добро, раскажаа дека никогаш не правел проблеми.

Соучениците на Јован имаат различни приказни, ама што точно се случувало со него претходно, нема официјални информации.Од Министерството за внатрешни работи велат дека неговото тело е пронајдено на плочник пред зграда, а обдукцијата покажала дека причина за смртта е пад од висина.

Официјално, МВР пријавата за случајот ја добиле во неделата, откако било пронајдено безживотното тело на 18 годишното момче во Центар, по што го известиле јавниот обвинител и телото го дале на обдукција..

На една од објавите на порталите, се огласи и мајката на Јован, но без да сподели дополнителни детали за она што се случувало. Таа пишува дека е тешко да се биде родител во Македонија бидејќи нема помош од институциите. „Институциите сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, така е најлесно“, стои во нејзината објава.

Сличен случај имаше и пред околу пет месеци, кога на вториот училишен ден гимназијалец од скопското средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ си го одзеде животот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Во изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле  вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи,  три се се уште  активни, четири се под контрола, а 24 се изг

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување

Пожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележување на роденденот на Мајка Тереза

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на Мајка Тереза. 

 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза

А централниот настан по повод роденденот ќе се одржи во музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Сали, настан на кој гостин ќе биде и премиерот на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата од министерството за внатрешни работи велат дека денеска во Скопје ќе има и посебен режим на сообраќај, за што од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер