Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
2Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ЖивотЈапонска студија утврди дека би можело да дојде до шесто масовно изумирање Климатски научник од Универзитетот Тохоку во Јапонија ги проверил минатите податоци за масовните истребувања и открил дека следното веројатно нема да личи на претходните, барем не за уште неколку стотици години.Имено, според неговото истражување, се чини дека следното масовно истребување нема да се случи толку брзо како што укажуваа првите проценки за најлошото сценарио; што е донекаде охрабрувачка информација во ова море од негативни вести за разорните климатски промени или појавата на идни пандемии. Но, проблемот за жал не е толку едноставен. Досега имало пет масовни истребувања, односно нагло намалување на бројот на живи видови. Пет од нив се забележани во последните 540 милиони години, при што околу 50% од животинските видови исчезнале во релативно краток геолошки временски период. Овие настани, според научниците, често се придружени со климатски промени, без разлика дали се работи за екстремно затоплување или екстремен пад на температурите. Причините можат да бидат различни, од пад на астероид до зголемена вулканска активност, пишува Science Alert. Најголемото изумирање во историјата се случило пред 250 милиони години, кога 96% од животот во морето и повеќе од три четвртини на копното биле збришани од лицето на Земјата. Последното било пред 65 милиони години, кога диносаурусите исчезнаа од нашата планета. Кога климатологот Кунио Каихо се обидел да ја измери стабилноста на просечната температура на површината на Земјата и биолошката разновидност на планетата, тој открил линеарен ефект, односно степенот на изумирање се зголемува со поголема промена на температурата. Тој открил дека за време на глобалниот пад на температурите, најголемите масовни изумирања се случиле кога тие паднале за околу 7°C, и за време на глобалното затоплување, кога се загреале за приближно 9°C. Овој пораст на температурата всушност бил значително повисок од претходните проценки кои укажувале дека порастот од 5,2°C ќе резултира со големо масовно истребување во морето, на исто ниво со претходната „голема петорка“. „Глобалното затоплување од 9 степени Целзиусови нема да се случи во антропоценот најмалку до 2500 година, и тоа во најлошото сценарио“, рече Каихо. Јапонскиот климатолог не негира дека видовите веќе изумираат на копното и во морето поради климатските промени; тој само мисли дека нема да се предизвикаат истите загуби како претходните пет изумирања. До крајот на векот, температурата на нашата планета би можела да се зголеми за дури 4,4°C. Но, проблемот не е само во нивото на глобалното затоплување или ладење. Брзината со која се случува ова е исто така клучна. Како што веќе споменавме, во најголемото масовно истребување, кое се случило пред 250 милиони години, исчезнале околу 95 проценти од познатите видови. Целиот тој процес траел околу 60.000 години. Но, денешното глобално затоплување, благодарение на емисиите на фосилни горива, се случува за многу пократок временски период. Затоа, во шестото масовно истребување, огромен број видови би можеле да умрат, не поради силното зголемување на температурите, туку затоа што промените се случуваат толку брзо што многу видови нема да можат да се прилагодат. Овој факт го признава и самиот Каихо. „Предвидувањето на идното антропогено истребување користејќи само површинска температура не е многу точно бидејќи причините за истребување се различни од причините во геолошкото време“, вели јапонскиот климатолог. „Открив дека, во линеарна врска, копнените 'рбетници имаат пониска толеранција од морските за истите настани на глобалното затоплување, но дека морските животни се почувствителни на промени во температурата на живеалиштето отколку копнените животни кои можат да бараат засолниште. Може да се случат такви ситуации во следните сто години“, додаде тој. Како и да погледнете, јасно е дека со климатските промени, многу видови ќе бидат осудени на пропаст. Точниот обем на загубите и периодот потребен за најлошото сценарио остануваат предмет на дебата во научната заедница. Истражувањето под наслов Relationship between extinction magnitude and climate change during major marine and terrestrial animal crises е објавено во списанието Biogeosciences.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Забава Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнувањеЕве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување. Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure. Непроверување на димензиите на европските авиокомпании Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент. Пакување на нови неразгазени чевли Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки. Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики. Занемарување на организатор и кеси што се компримираат Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка. Пренатрупан несесер и ризик од одземање Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето. Заборавање на универзален адаптер за струја Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат. Носење чанти кои се лесна мета за џепчии Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари. Патување без пренослив полнач (power bank) Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж). Преполнување на куферот до крај Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето. Извор: www.tportal.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИгор Ивановски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите? Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси? Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво? Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството? Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Една минута е доволна да сфатите со кого имате работаСпоред психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие. Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот. Што ве исфрла од рамнотежа? „Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд. Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост. Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин. Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор. Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter