3Божиновска за ветерниот парк „Штип “: Енергетската независност се гради со инвестиции и силни партнерства
МакедонијаЈапонија донира 554.000 евра на македонските здравствени институцииВо февруари и март 2021 година, амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори потпиша десет договори за грант помош во рамки на Програма за мали проекти за човекова безбедност (GGP) со цел подобрување на основните човекови потреби во Македонија.10те GGP проекти имаат за цел да ја поддржат Македонија во справување со кризата КОВИД-19, а секоја институција ќе добие различно финансирање согласно потребите и тоа: Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје за набавка на машина за медицински отпад, во износ од 65.801,00 € Градска општа болница „8-ми Септември“ за набавка на ултразвук за дијагноза на карцином, во износ од 60.985,00 € Здравствен дом Скопје за набавка на комплети за итна помош за возилата за брза помош и ноќни служби, во износ од 40.420,00 € Општа болница Дебар за набавка на рентген, во износ од 34.576,00 € Општа болница Куманово за набавка на ултразвучен систем, во износ од 54.094,00 € Општа болница Гостивар за набавка на рентген, во износ од 60.635,00 € Општа болница Кочани за набавка на ултразвук и монитор за срцеви отчукувања на фетусот за гинеколошки оддел, во износ од 47.863,00 € Општа болница Гевгелија за набавка на рентген апарат, во износ од 60.698,00€ Општа болница Велес за набавка на рентгенска машина, во износ од 60.748,00€ Здравствен дом Свети Николе за набавка на возило за брза помош, во износ од 54.633,00 € Вкупната помош доделена во рамки на Програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) оваа година достигнува над 540.000 евра, што е најголема сума добиена од страна на Македонија од почетокот на имплементирањето на програмата во 1996 година. „Надминувањето на КОВИД-19 е глобален предизвик и ние сме многу среќни што ги поддржуваме медицинските институции во оваа земја, кои придонесоа да се спасат многу луѓе, особено во ова многу тешко време. Се надевам дека нашата помош ќе придонесе во справувањето со КОВИД-19. Поради пандемијата, поддршката преку Програмата за мали проекти за човекова безбедност оваа година оди во медицинските институции. Ние, јапонскиот народ сме многу среќни што продолжуваме да ја поддржуваме оваа земја, бидејќи пријателите кои си помагаат се вистински пријатели.“ - рече амбасадорот Савада, изразувајќи најискрена надеж дека заедно ќе ја надминеме социјално-економската криза што ја предизвика пандемијата. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 47 здравствени установи и обезбеди 31 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 49 општини во сите 8 региони во државата. Јапонија ја поддржува Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствена нега, образование, животна средина, култура, спречување на природни катастрофи, справување со бегалската криза. Доделена е и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПо прележанна западнонилска треска – ризик од епилептични напади и невролошки последициПациентите кои прележале тешка форма на нилска треска можно е да имаат невролошки компликации и потребно е да одат редовно на матичен доктор на контроли, вели директорот на клиниката за неврологија Јован Божиновски. Тој објаснува дека на клиниката имало досега двајца пациенти кои дошле на дополнително лекување. Едниот имал вртоглавица, а другиот искривување на едната страна на лицето, што не значи е дека во директна поврзаност со нилската треска. Како најтешка форма на компликација се епилептичните напади, што не значи дека секој пацинет мора да ги има, но во случај на промена веднаш пациентот да побара лекарска помош. На инфективната клиника нема нови приеми на пациенти со нилска треска има шест на болничко лекување. Двајца се во тешка состојба. Досега од компликации со нилска треска починаа осум пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија15 годишниот Михаил не се плашел од брановите – влегол во морето и спасил тричлено семејствоИма само 15 години, но во момент кога три човечки животи биле во опасност, покажал храброст и човечност на која може му се восхитуваат и многу повозрасни од него. Младиот битолчанец Михаил Николовски стана вистински херој на плажите во грчко летувалиште, каде успеал да помогне во спасувањето на тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во Егејското Море. Драмата која за среќа завршила со среќен крај благодарение на младиот Михаил се случила на плажата во Олимпијада, каде силните бранови однеле мајка, татко и нивното дете подалеку од брегот. Иако повиците за спас на тричленото семејсво во морето го привлекле вниманието на луѓето на плажата, додека присутните немо гледале што се случува, петнаесетгодишниот Михаил без размислување за својот живот решил да реагира, влезе во разбрануваното море и ги спаси човечките животи. -Јас бев во плиткото до колена, и наеднаш жена почна панично да бара помош, помош, помош. И јас се врам наоколку низ плажа да видам дали луѓе дали ќе реагираат но видов дека никој не реагира. И така одма скокнав и испливав накај жената да ја спасам да ја однесам накај плиткото. Одма испливав, ја фатив жената видов дека е со перниче и видов дека е со дете и нејзиниот маж таму. И одма ја однесов во плиткото и одма после тоа се вратив накај дететто. Го извадив детето надвор исто како и жената и малце бев уморен и веднаш тргнав накај таткотко – вели Николовски. Кога опасноста конечно поминала, следувала сцена која Михаил веројатно долго ќе ја памети. Присутните на плажата почнале да аплаудираат и да го извикуваат неговото име, објаснува со трепет во својот глас неговата мајка Јасна Николовска. -Многу беше се на брзина, се беше хаотично меѓутоа можеше многу страшно да биде. Јас искрено не можев да се соберам од плачење, од гордост што чуствувам, какво дете сум израснала, какво е солидарно. Тој не промисли во ниту една минута за опасноста што него го демнееше. Ја искористи неговата сила, тој е снажен 185 има 95 кила го искористи тоа за да помогне некому – вели Николовска. Аплаузите од плажата набрзо се преселија и на социјалните мрежи каде приказната за 15-годишниот ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ од Битола се споделува со пофалби за неговата храброст и присебност во момент кога биле загрозени човечки животи. Самиот Михаил, сепак, за својот потег зборува скромно. Вели дека чувствувал страв и дека во првите моменти по спасувањето не бил целосно свесен што направил. -Се уплашив, но не се уплашив доволно за да ме спречи нешто, објаснува младиот битолчанец. Во свој коментар за Канал 5 мајката на Михаил, Јасна откри дека нејзиниот син добил и подарок од семејството од Бугарија – маска за нуркање, која тој со задоволство ја примил и која секогаш ќе го потсеќа на овој надчовечен храбар чин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски, навистина мисли дека сите се идиоти, како и Бобан МилошескиГета бесплатно? Целата прослава бесплатно?Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата - тоа не важи? Христијан Мицкоски денеска тврди дека за Дејвид Гета и сите настани по повод 35 години независност потрошиле „нула денари“ од буџетот. Сè било организирано со поддршка на „општествено одговорни компании“. Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата - лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги. Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари. Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата - тоа се пари на граѓаните. Нема „нула денари“. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг. Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци - има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“. Мицкоски, граѓаните не се идиоти. Гледаат каде одат парите. И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter