3Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаМанасиевски: Од каде се парите на семејството Муслиу и дали Пендаровски е нивен партнер во изградба на зграда во Влае?Зад мене, во Влае се гради станбена зграда во која како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, кој е инаку близок соработник на Стево Пендаровски.Тука се поставува прашањето на кое јавноста заслужува одговори, а тоа е како со административна плата се стигнува до инвеститор на станбена зграда? Од каде се парите за оваа инвестиција? Дали семејните приходи на Муслиу можат да ја оправдаат вредноста на ваков градежен проект? Дали зад оваа инвестиција стојат и други финансиски партнери? Почитувани, Тука има уште едно име кое мора да даде одговор, а тоа е Стево Пендаровски! Токму Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Затоа директно прашуваме, дали е точно дека Стево Пендаровски и Еролд Муслиу, покрај политичката и институционална соработка која ја имаат, имаат и заеднички деловни интереси? Дали Пендаровски има каква било финансиска или деловна поврзаност со оваа инвестиција во Влае? Би сакал исто така, да ја потсетам јавноста, дека во 2024 година токму Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, доби грант од 620 илјади евра, од тогашната Влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Почитувани граѓани, Додека Филипче говори за некаква организирана криминална група, групата криминалци е токму во СДС. Очекуваме јасни одговори од Муслиу и од Пендаровски, за тоа дали се партнери во оваа изградба на станбен објект, и секако, како со административна плата се гради зграда за која треба да се инвестираат милионски суми. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до РотердамРуте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време. Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите. „Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време. За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија. „Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО. Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво. NATO's Rutte: What I would counsel against is to have all the nations having their own military working together in NATO, and then on top of that having a big European structure. Because then, if Putin attacks, we will first need two or three weeks to agree who will do what, and then he will probably end up in Rotterdam before we have decided. There is no principal problem against a European military. But again, I don't see it happening soon. I don't think there is a big push for it. — Clash Report (@clashreport) November 23, 2026 Тагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаЃорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамикаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган. - Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00