Јанушев: Време е да си ја вратиме државата во рацете на народот

Пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на улици во одбрана на Македонија, соопштуваат од ВМРО - ДПМНЕ.

Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на улици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја.

„Човекот кој што ја има окупирано фунцијата Премиер е докажан криминаалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава се, преговараат за Гоце, за државата, за се што е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото“, истакна Јанушев.

Од пред влада пратеникот Јанушев им порача дека правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сетоа ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата.

„Единствениот стандард кој што го воспоставие во овие неколку години нивно владеење е само крадење и лажење. Единствената вредност за која што знаат да зборуваат е како да прифатиме нечии други вредности, заборавајќи на нашите традиционални македонски вредности, за оние вредности кои што генерации и генерации се бореле.“, рече тој.

Да, сакаме во Европа, сакаме во Европската унија, но европските вредности, вели Јанушев, се демократија, владеење на правото, борба со корупцијата, а за сите овие работи овие во Влада преставуваат антипод на тие вредности.

Тој ги повика сите граѓани да се придружат на секојдневните протести, затоа што еден единствен човек е непријател на Македонија и македонскиот народ и и на сите оние кои што живеат во Република Македонија, тој човек има име и презиме и се вика Зоран Заев.

Време е, порача Јанушев, да си ја вратиме државата во рацете на народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата.

Народот не поддржува политика на понижување на Македонија.

Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ.

7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците.

Народот не сака да живее повеќе во несигурност.

Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот.

Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот.

Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер