Изменет сообраќајниот режим на патот Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње

На делницата Жировница-Бошков мост кај селото Скудриње од денеска ќе има изменет сообраќаен режим. 

Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, а од 10 до 14 часот ќе биде целосно затворен.

– „Виадукт трејд" од денеска ќе почне со изведување на градежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње, каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена. Регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00-14:00 часот ќе се изврши комплетно затворање на сообраќајот, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./МИА

Од 1 јануари 2021, се воведува даночна стапка од 10% за угостителските објекти

Од 1 јануари 2021, се намалува   даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци, одлучи владата на синоќешната седница.

Исто така од 1 јануари ќе има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги .

Владата синоќа го утврди и предлогот за закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од Ковид-19.

Владата утврди и предлог-закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана Ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020.

„Само Интервју“ вечерва со Бујар Османи

Во вечерашното „Само Интервју“ ќе гостува Бујар Османи 

Почитувани сограѓани, дали во декември ќе се оставри сонот за почеток на преговори со ЕУ или ќе паднеме во уште една колективна депресија, вечерва во Само Интервју, Гоце Михајлоски одговори ќе бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

По европски или по балкански „терк“ Бугарите го напишаа меморандумот до земјите на ЕУ?

Тајни „алатки“ или прикриен „патоказ“ кон ЕУ, зошто Заев е толкав оптимист, кога Борисов во најмала рака е резервиран?

Како да не бидеме дел од предизборниот политички дискурс на Бугарија, дали толкава количина полтичко „трпение“ полека ни ја „витка“ кичмата или поскоро ќе не однесе во ЕУ?

"Pse jo" нема премиер Албанец - дали желбата да се остане на власт беше посилна од принципите? За бурната политичка и ковид есен, вечерва во Само Интервју со Бујар Османи, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Ковачевски: Буџетот е во добра кондиција за да ја исплати помошта на компаниите и граѓаните

Заменик министерот за финансии  Димитар Ковачевски за проекциите на Светска банка дека земјата влегува во рецесија вели дека причината за тоа е ковид кризата како и во сите други земји.

Уверува дека буџетот е во добра кондиција за да ја исплати помошта на компаниите и граѓаните.

притисни ентер