Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
2Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
3Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаИзмена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформиИзмена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи, во фокус на сесијата на Работната група - 4, Поглавје 24.Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност. На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа во Скопје, Кристиан Туркаљ, правен експерт за Западен Балкан, главен преговарач во преговарачкиот тим на Република Хрватска, сподели дека за да се оди забрзано на патот кон ЕУ, потребно е да се остварат некои претпоставки, како што се одлучност и консензус за реформи. - Според мене, клучна е визијата, одлучноста на политичката елита во Македонија, еден консензус на главните чинители тоа вистински да се сака, како би се спровеле тешки реформи. Тука доаѓа до тоа да се биде способен да донесеш тешки одлуки, односно, да не се избегнува донесувањето на одлуки. Одложувањето на одлуките само го одложува процесот и всушност гледаме дека процесот станува сѐ покомплексен, рече тој. Во однос на прашањето дали тие тешки одлуки се уставните измени, тој одговори дека не би зборувал конкретно за Македонија, но, дека тоа било случај во Хрватска. - Во случајот на Хрватска тоа вклучуваше, да, и измени на Уставот кои потоа овозмжија примена на Европските прописи во Република Хрватска, дополни тој. На сесијата, Туркаљ посочи дека треба да се препознае и да се искористи шансата. Тој потенцираше дека независните тела во правосудството мора да имаат капацитет кој опфаќа доволен број на кадар, но, и способен кадар кој што знае да постапува. Според него, стагнацијата на напредокот може да доведе до блокада и доколку нашата држава сака да оди напред, таа треба да го стави целиот интелект на овие поглавја. Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и координатор на работната група, на сесијата истакна дека основната порака е дека сме свесни дека состојбите на правото се под мониторинг и дека треба да се проучи механизам за владеење на правото, односно, како што рече, „околу што се врти целата оска“. - Треба да ги читаме извештаите и директивите што ги даваат другите држави и ЕУ. Имате фиксни параметри што треба да ги исполните, тука може да земеме пример од држави кои добиваат забелешки, а се слични на нашиот систем, да видиме како се соочуваат и да стигнеме до решенија, рече таа. Во изјава за медиуми по воведните обраќања, таа истакна дека е неопходно да ја почитуваме предлог-директива која е дел од иницијативите на Европската Комисија за зајакнување на антикорупциската рамка и борба во Унијата против корупцијата. Образложи дека како препорака од денешната дискусија ќе произлезе надлежните министерства, конкретно Министерството за правда, да ја разгледа предлог-директивата и да предложи повторни измени на КЗ, бидејќи, како што рече, ако го чекаме донесувањето на новиот КЗ, тоа ќе потрае. - Оваа предлог-директива борба против корупцијата, иако не е финален документ, и нас не нѐ обврзува, не треба да заборавиме дека сме во процес на евроитнеграции, усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, па дури и она што е во фаза на предлог, бидејќи е израз на политиките на ЕУ. Во таа предлог директива, дадена е минимална листа на кривични дела на корупција кои што треба да бидат инкриминирани во кривичните законици на земјите членки на ЕУ, вклучително и делото „злоупотреба на службената положба и овластување“. Нешто што во јавноста беше предмет на дискусија дали воопшто треба да постои како дело, рече таа. Дополни дека во поглед на предложените казни, тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот Кривичен законик, и како што рече, тие особено се намалија кај делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ со измените на КЗ од септември 2023. Предлог-директивата, како што дополни, е донесена во мај 2023 година. Трпе Стојановски, НКЕУ-МК експерт, професор на Факултет за безбедност, УКЛО – Битола, потенцираше дека ако една држава сака да покаже перформанси, одржливост и борба против корупција мора да инвестира во квалитетна јавна администрација. По воведните обраќања дел од сесијата е експертска анализа пос која ќе има презентација, дискусија и усвојување на препораки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter