Изложба на олдтајмери во рамките на Велешката питијада 2022 - Канал 5

Изложба на олдтајмери во рамките на Велешката питијада 2022

Во рамките на годинашната „Велешка питијада 2022“ – фестивалот на највкусна велешка пита пастрмајлија и врвни македонски вина, кој започна вчера, по вторпат се одржа изложба на олдтајмери.

Изложба на олдтајмери во рамките на Велешката питијада 2022

-Изложбата на стари возила во исправна возна состојба кои воопшти или ретко ги има на улиците и патиштата низ државата, е многу привлечна за посетителите, за постарите да евоцираат спомени од младоста, а помладите првпат во живо да се запознаваат со овие возила, изјави за МИА Борче Саздов од олдтајмер клубот King off the street кој ја организира изложбата заедно со поддршка на Општина Велес.

На изложбата се претставени вкупно 43 олдатјемри од повеќе градови во земјава – Скопје, Кочани, Штип, Скопје, Кавадарци, Велес, а има и гостин од Врање, соседна Србија.

Најстарото возило на изложбата на отворено во Велес е „опел капитан“ од 1941 година реставрирано и сопственост на Љупчо Трајковски од Скопје. Трајковски со ова возило досега се претставил на повеќе вакви олдтајмер изложби во земјава. Автомобилот го вози само кога е суво време, приврзан е за олдтајмерот и е многу горд на него, а привлече внимание и на многу посетителикои посакаа да се сликаат со возилото.

На изложбата беа претставени и две возила од богатата колекција на некогашниот претседател на велешкиот олдтајмер клуб King off the street, Борче Мирчевски, кој почина во февруари 2020 во сообраќајна несреќа. Неговата љубов кон олдтајмерите ја наследиле неговите сеуште малолетни синови Александар и Андреј, кои ќе ја продолжат традицијата. Борче Мирчевски беше организатор на првата олдтајмер изложба во рамките на Велешката Питијада во 2016 година на која беа изложени 30 – тина вредни возила олдтајмери од колекционери од земјава, но и од гости од соседна Бугарија. Во наредните две години манифестации беше прекината, а потоа три години не се одржа ни Велешка питијада.

Неговиот клупски колега Борче Саздов за МИА појаснува дека годинава по пет години пауза, изложбата на олдтајмери повторно ја врати новата локална власт и градоначалник Марко Колев кои финансиски ја поддржаа изложбата.

-Имавме кратко време да се организираме, но за в година имаме планови да има многу повеќе олдтајмер возила од земјава и странство, најави Саздов.

Инаку, во рамки на забавниот дел од манифестацијата „Велешка Питијада“ денеска од 18 часот први настап ќе имаат членовите на детската група од „Дајте музика“. Вечер на сцената на отворено во Велес ќе настапат Наум Петрески и Зуица Лазова, Фолтин и Каролина Гочева. Во недела 5 + бенд, Сузана Спасовска, Академци, Љубојна +Brass Fantasy и Лозано.

За посетителите вкусните велешки пити пастрмајлии со средна големина се продаваат по цена од 200 денари, а чаша вино за 50 дена од бројните винарии од Велес и Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер