Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
1Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице
3Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите
АвтомобилизамИзложба на олд тајмери во Кавадарци Шеесетина возила се дел од денешната изложба на олд тајмери во Кавадарци, во организација на Авто мото клуб РПМ и кавадаречката локална самоуправа. Сите заинтересирани може да ги погледнат и да се фотографираат во центарот на градот, како и да слушнат интересни приказни поврзани со нив. Дел од сопствениците на овие миленици на четири тркала, рекоа за МИА дека станува збор за стари возила, но со многу голема вредност во историјата на автомобилизмот и посебно, за нив самите, па затоа им посветуваат љубов и внимание. Ги има од земјава, но и од странство. - Целта е да ги промовираме и зачуваме македонската историја и македонскиот автомобилизам, бидејќи олд тајмерите се клучен дел и основа на секој автомобилизам и автомобилската култура на секоја земја, рече Кирил Димитров Урошев, дел од организацијата на настанот, што се реализира во стручна соработка со Федерацијата на историски возила во Македонија, членка на светската федерација. Изложбата е во рамките на традиционалната стопанско - културна и туристичка манифестација ,,Тиквешки гроздобер".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лицеПри претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаОбвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
БалканДел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентитеВтор ден по изборната победа на Студентската листа, славјето во Белград не стивнува. Со музика, диџеи и факели, илјадници граѓани повторно го исполнија плоштадот Славија, прославувајќи ја политичката промена. Но, додека на Славија се славеше, во други делови на Белград се одржаа собири и протести пред медиумите кои со години во јавноста важеа за блиски до власта на Александар Вучиќ. Незадоволството почна пред телевизијата „Информер “ каде што група демонстранти упадна во просториите и ја прекина програмата во живо. Главниот и одговорен уредник, Драган Вучиќевиќ, се соочи со гневните граѓани, кои бараа јавно да им се извини за досегашното известување, а дел од нив му упатуваа навреди. Собирите продолжија и пред телевизијата „Пинк“, каде што демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, а полицијата постави кордон пред влезот за да спречи евентуален упад. Се играше и оро пред јавниот сервис, каде што за денеска е најевен нов протест со барањата за оставки на раководството и уредниците на информативната програма. Во меѓувреме, носителот на победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, повика на смирување на тензиите и порача дека очекува мирно и законско примопредавање на власта. -Ценети сограѓани. Ве замолуваме да останете до крајот на изборниот процес и понатаму мирни и достојанствени како што бевте до сега. Изборите се уште не се завршени. Изборните резултати не се прогласени. Мора да останеме достојанствени до крајот. Немојте да наседнувате на било какво насилство. Ве замолува вашата Студенска листа и вешето студентско движење,- изјави –Илија Срдановиќ – носител на Студентската листа. Речиси в исто време, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ остро ги осуди упадите во медиумите. Вучиќ предупреди дека Србија ја очекува долга и тешка политичка борба, порачувајќи дека нема да се повлече пред, како што ги нарече, опасните и неодговорни луѓе. -Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан, монструозно насилство, упад во Информер. Напад врз слободата на изразување, слобода на говор и слобода на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже збор за тоа, ќути и ЕУ, ќутат сите. Имаме работа со опасни и неодговорни луѓе. Имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да им се плашат а не да се разговара со луѓето. Воопшто не се плашиме од нив... Нам ни останува да се подготвиме за долга, тешка и мачна борба – изјави Вучиќ. Во меѓувреме, македонскиот премиер Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека телефонски разговарал со Срдановиќ и лично му ја честитал изборната победа. Мицкоски му посакал успех во периодот што следува, изразувајќи уверување дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter