ИВЗ поради полицискиот час нема да ги одвраќа верниците од џамиите

Исламската верска заедница ќе ги отвори вратите од џамиите за верници и во случај на полициски час за Рамазан Бајрам.

Таков допис уште во понеделникот го доставиле до владата, два дена пред препораката на комисијата за заразни болести за 58 часовен викенд карантин за празникот. Во текстот кој на социјалните мрежи го објави реисот Сулејман Реџепи, меѓудругото стои дека тие како верска институција постојат за да им служат на верниците, и додаваат дека ќе ги почитуваат сите препораки за заштита од вирусот. Дополнително, се додава и дека доколку се воведе полициски час, надлежните ќе ја изгубат цела доверба од верниците, во пресрет на предвремените избори.

-Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори. Додека ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб за откажување намазот на Фитер Бајрам во џамија. -ИВЗ.

Реџепи на социјалната мрежа фејсбук ги објави и мерките кои треба да се спроведуваат во секоја џамија, од дезинфекција при влез во верските објекти, до одржување соодветна дистанца меѓу верниците. Во образложението на одлуките, стои дека верниците треба утринската молитва да ја направа дома, а за останатите молитви во верските објекти да ги почитуваат препораките. Дополнително, традиционалната централна манифестација за празникот е откажана. Дел од верниците, кои ги анкетиравме, велат дека мерката за викенд карантин не е оправдана и дека, и покрај препораките, сепак ќе ги посетат верските објекти.

За препораката од комисијата се огласија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека мерката според нив е нелогична, а со неа според нив се нарушуваат човековите права.

-Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака? ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.- ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, со став се огласи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој предлага Македонија за Рамазан Бајрам да го следи примерот на Турција, која определи четири дневен карантин за празникот.

Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји и мора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина, вели Тачи

Комисијата за заразни болести, вчера предложи полицискиот час за време на Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методија да започне од 19 часот во сабота и да трае до 5 часот наутро во вторник. Препораката која треба да ја потврди или преиначи Владата, како што појасни министерот Филипче е бидејќи дел од граѓаните не ги почитуваат доволно рестриктивните мерки.

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. 

На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа.

Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година.

Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Нашата тенисерка веќе неколку дена се наоѓа во Париз и тренира на терените на Ролан Гарос.

Мечот Ѓорческа – Рувруа ќе се игра во вторник. /МИА

Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“./МИА

Одиграни мечевите од првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

На терените на ТК Југ во Градски парк, денеска стартуваа мечевите на годинашново издание на „ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2024“. Во првото квалификациско коло настапија и четири македонски тенисери, кои се елиминирани. 

Најискусниот играч на турнирот македонскиот тенисер Димитар Грабул одигра меч против младиот хравтски тенисер Лука Микрут од кого загуби со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4). Мечот траеше 88 минути, притоа дури осум гема беа решени на разлика, а во вкупниот број поени биланост беше 77:65 за Микрут, а само еден гем заврши на „0“ и го освои Грабул.

Неизвесен прв сет одигра и Берк Бугариќ, против Жером Ким од Швајцарија, откако ривалот поведе со 5:2 во гемови Бугариќ успеа да изедначи на 5:5, а потоа двата гема ги освои Ким, кој беше сигурен во вториот сет и го освои без загубен гем. Буграиќ загуби со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0).

Шендрите Деари го загуби мечот од Лука Павловиќ од Франција со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), притоа неговиот ривал ги искористи можностите и го доби мечот.

Четвртиот македонски тенисер кој настапи во квалификациите беше младиот Амар Хусеиновиќ, кој загуби од Константин Битон Козмин од Франција со 2-0 во сетови (6:0 и 6:1)./МИА

притисни ентер