Италијански медиуми: Јувентус би можело да биде исфрлен од Серија А - Канал 5

Италијански медиуми: Јувентус би можело да биде исфрлен од Серија А

Италијанскиот гигант Јувентус го тресе нова афера поради прекршување на финансиските прописи.

Италијански медиуми: Јувентус би можело да биде исфрлен од Серија А

Голем број на клубови од италијанската прва лига, вклучувајќи ги Јувентус, Наполи и Сампдорија, се под истрага за вештачко надувување на вредноста на трансферите, но во случајот со Јувентус постои сомнеж за дополнителна измама.

Имено, за време на избувнувањето на пандемијата на коронавирус во 2020 година, 23 првотимци на Старата дама потпишале анекси на договорот со што им биле намалени платите за клубот да преброди тежок период. Но, обвинителството тврди дека тие анекси биле фиктивни и дека Јуве незаконски им ја исплаќал целата плата на играчите, но потпишаните анекси му овозможиле да плати помал данок.

Да потсетиме, во 2006 година, по избивањето на скандалот „Калчополи“, Јувентус беше исфрлен од Серија Б, а на клубот ретроактивно му беа одземени титулите. Порталот Football Italia ја истражува можноста ова да се повтори и заклучува дека е можно доколку истрагата утврди дека споменатата финансиска малверзација му помогнала на Јувентус да го регистрира тимот и да се натпреварува на највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Покрај исклучување од лигата, можна е и помала казна во вид на одземање бодови.

Пред неколку дена клубот го напуштија претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене, како и голем број пониски функционери. Тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд.

Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои веќе го напуштија клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Во Охрид денеска е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Во Охрид е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

На отворањето присуствува премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 метри квадратни, проширување на зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, проширување на административната зграда од 290 метри квадратни на 700 метри квадратни, нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција, Царинската управа и паркинг за вработените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев.

Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“.

Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец.

Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер