Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
СветИталијанците ќе мора да носат маски и на отвореноИталијанците наскоро ќе мора постојано да носат маски и додека се на отворено, објави денеска министерот за здравство Роберто Сперанца.Италијанските власти ги засилуваат мерките заради забрзаниот раст на бројот на новоинфицирани, што е на највисоко ниво од крајот на април. „Владата планира да ја продолжи обврската за носење маски на отворено“, рече Сперанца пред долниот дом на италијанскиот парламент. „Маските се клучна алатка во борбата против ширењето на ковид-19, особено кога ќе сретнете луѓе кои не се ваши цимери“, нагласи министерот. Мерката ќе биде дел од уредбата што ќе биде усвоена утре, со која најверојатно ќе се продолжи вонредната состојба прогласена на ниво на цела Италија. Вонредната состојба требаше да истече на 15 октомври, но може да се продолжи до 31 јануари. Италијанската влада прогласува вонредна состојба во случај на катастрофа како што е земјотрес, што и овозможува побрзо дејствување и заобиколување на некои постапки. Сперанза најави дека владата ќе нареди и посилна примена на правилата за социјално дистанцирање. Заштитните маски веќе се воведени во некои региони на Италија, како на пример во Сицилија, Кампанија и Лацио. Правилото не се однесуваат на деца под шест години, граѓани со посебни потреби, гости во кафулиња и ресторани на отворено и оние кои вежбаат или спортуваат. Бројот на нови инфекции во Италија расте девет недели по ред, но ситуацијата е сепак подобра отколку во остатокот од Европа. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) објави дека имало 45 случаи на инфекција на 100.000 жители во Италија во последните 14 дена. Во Шпанија бројот е 319,3, во Франција 246,8, во Германија 34,1... „Меѓу европските земји, Италија, заедно со Германија е меѓу најдобрите во управувањето со вториот бран, но да немаме никакви илузии за тоа“, рече Сперанца. Тој рече дека повторното отворање на училиштата во септември, за што се стравуваше дека ќе го зголеми бројот на заразени, „досега имаше мал ефект“. Италија беше првата западна земја погодена од пандемијата на коронавирус, особено во северните региони. Но, за разлика од раните денови на таа здравствена криза, кога немаше доволно болнички кревети и респиратори, италијанските болници денес се под многу помал притисок. Бројот на пациенти на интензивна нега изнесувал повеќе од 4.000 на крајот на март и почетокот на април, а на 29 јули се спушти на под 40. Вчера се искачи на 323. Сперанца вели дека нема простор за опуштање. „Не мислам дека следните неколку месеци ќе бидат лесни“, заклучи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест во Богданци по убиството на Билјана КириќДенеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи. Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook