Истражување: Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат - Канал 5

Истражување: Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат

 Сè поголем број истражувања посочуваат дека читањето може да биде многу помоќно отколку што се мисли. 

Истражување: Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат

Всушност, редовното читање е поврзано со понизок стрес, подобро помнење, заштита од умствен пад и деменција, па дури и - со подолгиот живот. Имено, според нови испитувања од американскиот универзитет „Јејл“, луѓето кои редовно читаат книги живеат во просек 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат. Новиот научен труд е објавен во „Журналот“ за неврологија (The Journal of Neuroscience).

Секој јануари, многумина си поставуваат цел - конечно, да читаат повеќе. Се враќаме на читањето одново, затоа што звучи како здраво ветување за повеќе мир, здрава љубопитност и бегство од секојдневието.

- Кога ќе се изгубите во книга, често влегувате во состојба слична на транс, слична на медитацијата, а оваа состојба е длабоко заштитна. Значи, ако Вашата новогодишна одлука е да читате повеќе, можеби правите повеќе отколку само надополнување на Вашата библиотека. Вложувате во структурата на Вашиот мозок, Вашата емоционална отпорност и Вашата сопствена долговечност, вели Зои Шо, психотерапевт од Лос Анџелес, која го истражувала односот меѓу читањето и долговечноста.

Ефектот на долговечноста: Зошто читателите на книги живеат подолго?

Идејата дека читањето може да помогне за подолг живот, можеби звучи „премногу добро за да биде вистинито“, но истражувачите од Училиштето за јавно здравје при „Јејл“ ѝ даваат дополнителна научна тежина.

Во текот на 12 години, истражувачите следеле 3.635 лица на 50 години и повозрасни, прочучувајќи ја врската меѓу навиките за читање и преживувањето. Тие откриле дека луѓето кои редовно читаат книги живееле во просек 23 месеци подолго - дури и откако ќе се земат предвид фактори како образованието, приходот, основното здравје, депресијата и когнитивните способности. Со други зборови, самото читање било поврзано со поголема долговечност, а не само со придобивките што често ги имаат читателите.

Елизабет А. Л. Штајн-Мороу, истражувачка и професорка по Образовна психологија на Универзитетот на Илиноис во Урбана-Шампејн која не е вклучена во истражувањето на „Јејл“, се согласува со наводите, како и Рејмонд Мар, професор по психологија на Универзитетот „Јорк“ во Канада.

- Социјалната поврзаност е неверојатно важна за здраво стареење. А, читањето фикција може да ни даде замена за социјално искуство. Кога читаме, ментално вежбаме врски, емоции и перспективи - дури и кога сме физички сами, вели проф. Мар.

Осаменоста денес се смета за фактор на ризик за предвремена смртност, споредлив со пушењето и дебелината. Книгите помагаат во борбата против осаменоста, нудејќи друштво без притисок и интимност без ранливост - а и читателите кои учествуваат во клубови за книги, исто така, добиваат многу реална социјална корист. Натаму, друга причина зошто читањето ја подобрува долговечноста е тоа што се чини дека делува благотворно на намалување на стресот.

- Кога луѓето читаат, тие често влегуваат во фокусирана, но контемплативна ментална состојба. За некои, тоа дури станува и еден вид медитација и начин за другите медитативни практики. Смиреноста што ја носи читањето може да помогне во намалувањето на стресот и така да се поттикне долговечноста, објаснува проф. Мар.

- Ова има смисла, бидејќи стресот е еден од најмоќните забрзувачи на стареењето - истражувањата покажуваат дека го зголемува воспалението во телото, го нарушува сонот, ја ослабува имунолошката функција и го оптоварува кардиоваскуларниот систем - дури и на молекуларно ниво. Накратко, читањето нежно го става нервниот систем во состојба на регулирање, вклучувајќи го мозокот додека му овозможува на телото да се одмори, се надоврзува проф. Шо.

Но, подолгиот живот е само дел од приказната - повеќето луѓе сакаат да го одржат својот мозок здрав како што стареат. Тука читањето може да има уште поголемо влијание. Во таа смисла, стручњаците нагласуваат дека читањето не ги запира биолошките процеси на деменција, туку му помага на мозокот да функционира подобро и покрај нив.

- Читањето истовремено активира повеќе мозочни мрежи - јазик, внимание, меморија и имагинација - коешто, со тек на времето, ја зајакнува когнитивната резерва, вели Шо. - Когнитивната резерва е способноста на мозокот да компензира за оштетувања или промени поврзани со возраста, помагајќи му да остане флексибилен и отпорен како што старееме. Сите сме запознаени со принципот „искористи го или изгуби го тоа“, а читањето ги вежба нашите ментални мускули со тоа што нè тера да замислуваме нови искуства и идентитети, пренесувајќи нè во нови, привлечни светови коишто ја стимулираат нашата љубопитност и барајќи од нас да задржиме многу информации во нашите умови, додаде таа.

На емоционално ниво, читањето е исто толку моќно, потсетува Мар.

- Нашето истражување се сосредоточува на потенцијалот на фикцијата да поттикне емпатија. Приказните нè ставаат во телото на луѓе со различни идентитети и искуства. За да ги разбереме, се потпираме на сопствените емоционални сеќавања - а оваа практика ја зајакнува нашата способност да ги разбираме другите во реалниот свет, појасни Мар.

Ник Батрик, доцент по социјална психологија на Универзитетот на Висконсин-Медисон, дополнително ги објаснува овие ефекти.

- Луѓето кои читаат повеќе имаат тенденција да го гледаат социјалниот свет низ посложена леќа, што помага да се разбере секојдневниот свет на побогат и помалку стереотипен начин, вели тој.

Аудиокнигите и љубовта на мозокот кон зборовите

И аудиокнигите, исто така, се вклучени во овие совети, препораки и придобивки. Научниот труд открива дека мозокот ги обработува приказните речиси идентично, без разлика дали се читаат или се слушаат.

- И додека слушаме аудиокнига, сè уште градиме ментални модели на ликови и светови. Многу од истите процеси се вклучени, нагласи Мар.

Батрик се согласува, забележувајќи дека не станува збор за движењето на очите на страницата, туку се работи за средба со различноста, предизвикот и новината.

- Аудиокнигите дури можат да понудат и уникатни придобивки. Тие им овозможуваат на луѓето да ги комбинираат приказните со движењата, како одење или вежбање. И таа комбинација може да има дополнителни здравствени придобивки, а воедно и да го подобри и задржувањето на умственото здравје, надополнува проф. Шо.

Сè на сè, „читањето е активност на целиот мозок - истовремено го помнењето, вниманието, важноста, емоциите и имагинацијата“, се согласуваат психолозите.

- За да ги искористите овие придобивки од читањето, треба да го претворите во навика - но не мора да правите драстични промени. Така, 10 до 30 минути на ден се доволни за да ги почувствувате значителните придобивки со текот на времето, па затоа најдобриот совет е: Едноставно, правете го тоа, вели Батрик.

Мар се сложува, препорачувајќи: Планирајте го тоа време како што би планирале и секое друго нешто што го цените. Исто така, важно е навиката да Ви донесе задоволство.

- Изберете книги што навистина Ве интересираат, а не онакви за коишто мислите дека „мора да ги прочитате“, советува Шо.

Затоа што, на крајот на краиштата, читањето носи многу повеќе корист од забавата - без разлика кога ќе почнете. Во таа смисла, стручњаците велат: Никогаш не е предоцна да се откријат - или преоткријат радоста и долгорочните придобивки од читањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето

Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт.

Кина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето

Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт, и покрај тоа што ја загуби трката за градоначалник на Тајпеј.

Кина го смета демократски управуваниот Тајван за дел од својата територија и никогаш не ја исклучила можноста за употреба на сила за да го стави островот под своја контрола. Тајванската влада ги отфрла територијалните претензии на Пекинг.

Кина: Обединувањето е неизбежно

Канцеларијата за прашања на Тајван на Кина соопшти дека ги зема предвид резултатите од изборите, додавајќи дека мнозинството Тајванци сакаат мир, развој, размена и соработка.

„Без оглед на промените на политичката сцена на Тајван, тие не можат да го променат правецот и развојот на односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец или да го запрат историскиот процес во кој татковината мора и неизбежно ќе биде повторно обединета“, се вели во соопштението.

Кинеската влада ќе продолжи „решително да се справува со сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и да се спротивставува на надворешното мешање“ и да ја промовира „големата цел за национално обединување“, додаде таа.

Тајван му одговори на Пекинг

Тајванската влада изјави дека Кина треба да го почитува демократскиот систем на Тајван и одлуките на неговите граѓани и прагматично да пристапи кон резултатите од изборите.

Пекинг треба да води разговори со демократски избраната, легитимна влада на Тајван врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, без поставување предуслови, изјави Советот за прашања на континентална Кина на Тајван, кој е задолжен за обликување на политиката кон Пекинг.

Кина одбива да разговара со претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, кого го нарекува „сепаратист“. Лаи, кој е и претседател на ДПП, истакнува дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина.

Пред изборите, Кина испрати десетици воени авиони и бродови во Тајван

Односите со Кина не беа меѓу главните теми на изборната кампања, која се фокусираше на домашни прашања како што се безбедноста на водата и училишните оброци.

Сепак, Кина постојано го критикуваше кандидатот на ДПП за градоначалник на Тајпеј, Пума Шен, пред изборите и му воведе санкции за „сепаратизам“.

Во петокот, Кина испрати десетици воени авиони и воени бродови во воздушниот простор и водите околу Тајван.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десничарската партија на Шпанија влегува во парламентот- покажуваат излезните анкети

Излезните анкети предвидуваат победа на десниот центар – и мнозинство со учество на крајната десница.

Десничарската партија на Шпанија влегува во парламентот- покажуваат излезните анкети

Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (десен центар) и партијата „Вокс“ (крајна десница), објави Скај Њуз.

Излезните анкети покажуваат дека десниот центар е на пат да освои заедничко мнозинство со крајната десница.

Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (PP) од десниот центар и партијата „Вокс“ (Vox) од крајната десница.

Анкетите објавени од шпанскиот весник „Ел Мундо“ (El Mundo) предвидуваат дека двете партии заедно ќе освојат околу 184 пратенички места, што е над потребниот праг од 176 места.

Сепак, јавниот сервис RTVE проценува дека Народната партија и „Вокс“ би можеле да освојат и помалку – 173 пратенички места – иако исто така наведува дека би можеле да добијат до 182 места.

Затворени гласачките места во континентална Шпанија

Гласачките места се затворија за гласачите во континентална Шпанија во 20:00 часот.

Гласачите на Канарските Острови имаат право да гласаат уште еден час, бидејќи се наоѓаат во иста временска зона како Обединетото Кралство, каде што во моментов е 19:00 часот.

Резултатите од овие предвремени избори би можеле да бидат едни од најзначајните во последните децении, со реална можност партија од крајната десница да стане дел од коалициската влада.

Како и да е, ќе нема јасен показател за победникот на изборите во скоро време – првичните официјални резултати ќе почнат да пристигнуваат подоцна, а пребројувањето на гласовите испратени по пошта ќе трае уште неколку дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)

Пиленце од северниот пингвин од расата рокхопер, создадено преку вештачко оплодување, беше претставено пред јавноста во зоолошката градина „Ширахама Адвенчер Ворлд“ во префектурата Вакајама, Јапонија.

Се роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)

Загрозениот вид пингвин се извело на 28 октомври, што го прави првото младенче од северниот пингвин од расата рокхопер во светот родено преку овој процес.

Ова беше потврдено со ДНК анализа, според локалните медиуми.

Пилето тежело 62 грама при раѓањето, а до 27 ноември достигнало 561 грам.

YouTube video

Раѓањето на пингвинското пиле беше емитувано во живо на YouTube, а официјалните лица ја покануваат јавноста да предложи име за новороденото пингвинче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер