Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС - Канал 5

Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, аргентинскиот волшебник Лионел Меси ја прослави титулата во Купот на шампионите со Интер Мајами, но прославата беше одбележана и со судир со комесарот на МЛС, Дон Гарбер.

Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС

Во финалето на Кампеонес куп, Интер Мајами го совлада Круз Азул со 2–0 во финалето, а Меси беше еден од јунаците на победата. Тој го постигна првиот гол – неговиот стоти за Интер Мајами – и запиша асистенција за вториот погодок.

Сепак, по доделувањето на трофејот, вниманието го привлече сосема поинаква сцена. Камерите снимија вжештена вербална расправа меѓу Меси и Гарбер.

Аргентинецот му се обрати на комесарот на МЛС не само еднаш, туку двапати. На снимката се гледа како Гарбер му вели нешто на Меси, по што фудбалерот го одбива неговото барање и продолжува со разговорот, видливо незадоволен.

Според информациите што се појавија по натпреварот, Меси за време на расправата рекол: „Не со мене“.

Исто така, по церемонијата на доделување медали и подигнувањето на трофејот, Меси повторно луто му пријде на Гарбер и повторно му рече нешто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Средба со делегација од Израел

Средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел.

Јанчев: Средба со делегација од Израел

Градоначалникот Митко Јанчев, денес оствари официјална средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, која престојува во Македонија предводена од г-дин Гилат Шадмон генерален директор на Министерството за регионална соработка на Израел.

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на институционалната и регионалната соработка, со посебен фокус на иновациите, претприемништвото, технолошкиот развој и размената на искуства и добри практики.

Посетата има за цел да отвори можности за идни партнерства и конкретна соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, стартапите и другите релевантни чинители од двете земји.

Кавадарци останува отворен за нови меѓународни партнерства и иницијативи кои создаваат можности за развој, инвестиции и размена на знаења и искуства, објави на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси

СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси.

Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси

Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДС.

Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДС.

Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда стана Уставен судија, а денес продолжува да работи во интерес на СДС, односно грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување на пензиите од 7000 денари.

Наќе Георгиев, токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет.

И секако, да не ја заборавиме, Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ.

Почитувани граѓани,

Ова се луѓето кои СДС и ДУИ со години ги поставуваа, унапредуваа и носеа на највисоките позиции во правосудството.

Токму ова е доказот дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ, имаат име и презиме.

Македонија мора да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франкфурт издаде предупредување поради маларија

Франкфурт издаде предупредување поради маларија. Се појавија два нови случаи на зараза.

Франкфурт издаде предупредување поради маларија

Од јули во Франкфурт се регистрирани осум случаи на маларија, од кои два завршиле со смртен исход.

По потврдувањето на два нови случаи, градскиот здравствен оддел издаде официјално предупредување со кое ги повикува граѓаните на претпазливост во врска со оваа тропска болест што ја пренесуваат комарците, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).

Новите случаи неодамна се регистрирани во населбата Шванхајм, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот во Франкфурт.

Здравствените власти испитуваат можна поврзаност, бидејќи неодамна заразените лица биле главно вработени на аеродромот.

Се претпоставува дека комарците пристигнуваат преку авиони, преживуваат во новата средина и ја шират заразата преку каснувања.

Навремената дијагноза е клучна за успешно лекување на маларијата, но проблемот е што раните симптоми често наликуваат на грип или настинка.

„Затоа е од витално значење да се земе предвид можна инфекција со маларија штом ќе се појават такви симптоми“, соопштија властите во Франкфурт. Типичните симптоми вклучуваат треска, грозница, главоболка и болки во екстремитетите; можни се и дигестивни проблеми.

„Таквите знаци често се мешаат со грип или гастроинтестинална инфекција“, објаснуваат од Институтот „Роберт Кох“. Постојат неколку форми на болеста и не сите се смртоносни.

Најопасната форма е *malaria tropica* (тропска маларија), која може да биде фатална доколку не се дијагностицира и лекува брзо. Поради тоа, германското Министерство за надворешни работи ја класифицира како болест што претставува закана по животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер