ДУИ: Правдата не се брани со манипулации и двојни стандарди - Канал 5

ДУИ: Правдата не се брани со манипулации и двојни стандарди

Правдата не се брани со манипулации и двојни стандарди; Хашкиот трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Специјализираните совети на Косово во Хаг не се исто.

ДУИ: Правдата не се брани со манипулации и двојни стандарди

Со жалење ги оценуваме реакциите на македонските политички партии, кои со својот пристап прават сериозна грешка, обидувајќи се да го изедначат Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг со Специјализираните совети на Косово.

Станува збор за две правно и институционално различни институции. Трибуналот за поранешна Југославија беше основан во 1993 година со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, како меѓународен трибунал за злосторствата извршени на територијата на поранешна Југославија. Токму во тие рамки беа судени и Ратко Младиќ и други лица, при што со конечните пресуди беа потврдени казните за геноцид, злосторства против човештвото и повреди на законите за војувањето. Токму овој суд ја потврди чистотата на борбата на Ослободителната Војска на Косово и Ослободителна Народна Армија.

Специјализираните совети на Косово се нешто сосема друго: тие се институции во рамките на судскиот систем на Косово, основани врз основа на уставен амандман и закон усвоен од Собранието на Косово, со седиште преместено во Хаг. Самата институција утврдува дека Специјализираните совети се поврзани со нивоата на судскиот систем на Косово и ја одразуваат структурата на косовското судство. Затоа, случајот со Трибуналот на ОН за поранешна Југославија не може да се користи како аргумент секоја одлука донесена во Хаг да се прикажува како иста по својата природа и правен статус.

Исто така, никој нема право сè уште незавршен судски процес да го заменува со политички пресуди. Почитувањето на правдата, дури и во случаи кога таа е отуѓена и целосно конструирана, како што е случајот со одлуката од 16 септември 2026 година, не значи само механичко прифаќање на првостепена одлука, туку и целосно почитување на постапката, правото на жалба и презумпцијата на невиност.

Правдата бара исти стандарди, но и правна прецизност, а Хаг не значи автоматски ист трибунал, ист мандат и ист правен статус.

Секој обид за политизација на правдата, за манипулирање со фактите или за изедначување на правно различни процеси само ги зголемува тензиите и создава простор за непотребни меѓуетнички конфронтации, кои никому не му служат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер