3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
2Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
МакедонијаФилипче: Од нула денари до 5 милиони евра, Мицкоски ги лаже граѓаните во очиМицкоски ги лаже граѓаните во очи, дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.„Мицкоски кажа дека граѓаните за прославата не потрошиле ниту денар. Веќе следниот ден, кога ги извадивме документите, стана јасно дека била донесена одлука да се потрошат 5,5 милиони евра народни пари, на нетранспарентен начин и со прекршување на Законот за јавни набавки“, рече Филипче. Тој посочи дека власта сè уште ги крие договорите, анексите и компаниите со кои Државната лотарија склучувала договори. „Не станува збор само за една фирма. Ќе излезат на виделина и други работи. Има повеќе фирми со кои Лотарија потпишала договори. За само еден ден, од изјавата дека не се потрошил ниту денар, стигнавме до нетранспарентно потрошени 5,5 милиони евра. Премиерот ги лаже граѓаните во очи“, нагласи Филипче. Филипче потенцираше дека парите на Државната лотарија се државни и народни пари, без оглед на обидите на власта технички да манипулира дека тие не биле исплатени директно од Буџетот. „Тоа се државни пари, тука нема никаква дилема. Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?“, праша Филипче. Наместо за една вечер и скап луксуз, овие пари можеле да бидат искористени за решавање на реалните проблеми на граѓаните. Филипче истакна дека случајот со прославата е само уште еден пример за начинот на кој функционира власта – народните пари да завршуваат кај мал број компании блиски до ВМРО-ОКГ. „Ова веќе го надминува концептот на политичка борба. Ова е пљачка на државата. Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги. Прашањето е: зарем некој сè уште му верува?“, порача Филипче. Тој нагласи дека ова не е прва лага на Мицкоски, туку продолжение на политиката со која дојде на власт. „Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше дека ќе го врати името и дека ќе го поништи Преспанскиот договор. Лажеше дека ќе обезбеди подобра преговарачка рамка и подобра позиција со Европа. Лажеше дека протоколите не се дел од преговорите, па потоа призна дека се дел од преговарачката рамка. Лажеше и дека идентитетот е загрозен, а се потврди дека македонскиот идентитет е заштитен со Преспанскиот договор. Зарем некој сè уште му верува на таков човек?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Канал 5 Телевизија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНорвешкиот премиер по разговорот со Путин: „Не верувам дека ќе го промени мислењето“Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го коментираше вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој учествуваше и финскиот претседател Александар Стуб.Тој објасни дека сакале Путин да ги слушне европските гледишта за војната во Украина, а не само американските. Разговорот траеше 90 минути. Со тоа, Сторе и Стуб отстапија од долгогодишната практика на западноевропските лидери да избегнуваат директен контакт со Кремљ. Нивниот потег наиде на критики од некои сојузници, вклучително и од данската премиерка Мете Фредериксен. Дискусијата се одржа пред првите очекувани директни разговори меѓу украинските и руските претставници од февруари наваму, кои се планирани да се одржат во Абу Даби следниот месец. „Загрижен сум што некои пораки не стигнуваат до Путин“ „Стуб и јас се фокусиравме на иднината и на тоа што треба да се случи за да се спречи оваа војна да се одолговлекува во недоглед – со месеци, со дополнителни човечки жртви – бидејќи тогаш наоѓањето решение станува уште потешко“, изјави Сторе за норвешкиот јавен сервис НРК. „Не верувам дека Путин ќе го промени мислењето, но му беше дадена можност многу јасно да го слушне нашиот став. Загрижен сум што некои од овие пораки не стигнуваат до него кога разговара со Американците“, додаде норвешкиот премиер. Сторе изјави дека целта на Норвешка е намалување на тензиите. Предлозите вклучуваат прекин на нападите врз енергетската инфраструктура во Русија и Украина, запирање на нападите врз бродовите што превезуваат украинско жито, како и размена на воени заробеници. Може ли Украина да постигне мир без отстапување територија? На прашањето дали е можно да се постигне мир без Украина да отстапи територија, Сторе посочи дека Русија моментално контролира речиси 20 отсто од Украина. „Украина никогаш нема да потпише договор со кој признава дека изгубила територија, но прашањето е дали може да ја прифати сегашната линија на фронтот како реалност и како појдовна точка за преговори. А главното прашање е какви безбедносни гаранции можат да ѝ се обезбедат на Украина откако ќе се постигне мировен договор. Путин е свесен дека тоа е клучниот проблем“, рече тој. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека разговорите не донеле ништо ново во однос на војната во Украина. Тој ги обвини европските земји дека единствено се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса. Лавров исто така нагласи дека клучното прашање се однесува на безбедносните гаранции што Украина би можела да ги добие по склучувањето на мировен договор, додавајќи дека и Путин ја препознава важноста на ова прашање. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook