Истоварил 80.000 парички пред куќата на поранешната сопруга: Еве ти алиментација

Татко на тинејџерка од Вирџинија ја платил последната рата на алиментацијата со истоварување на 80.000 монети на тревникот на куќата на неговата поранешна сопруга и ќерката.

Мајката и ќерката ги собрале монетите и решиле да донираат 800 долари на Центарот за социјална заштита Safe Harbor, пренесува „Фокс њуз“.

Ејвери Санфорд (18) не разговарала со својот татко со години и вели дека не ја интересира бидејќи не сака да се справува со некој што се однесува така кон нејзината мајка.

Кога ги истоварувал монетите, мајката на тинејџерката го прашала што прави, а тој рекол дека тоа е последната рата на алиментацијата.

"Тој не се обидува да ја посрамоти само мама, туку и мене и сестра ми. Ме боли што не размислуваше кога отиде да го направи ова", рече Ејвори.

Таткото рече дека го повеле емоциите и дека веќе му е жал за таа одлука.

Мајката и ќеркатра решиле негативното искуство да го претворат во позитивно донирајќи ја сумата за оние на кои им е потребна, за што добија бројни пофалби на социјалните мрежи.

УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера во исто време започна зимата.

Првата недела од летото е со најава за високи температури и до 40 степен.

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава" учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

Министерот Јетон Шаќири оствари работна средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

,,Денес ми беше чест, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација да го чекам на работен состанок, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука.

За време на состанокот разговаравме за можноста за дигитализација на услугите на оваа општина и нивно вклучување во националниот портал за е-услуги. Го уверив градоначалникот Дука дека Министерството што го водам е подготвено да ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.

Исто така се дискутираше за можноста за поврзување на оваа општина со системот за управување со документи (ДМС). Со поврзување на овој систем, меѓуинституционалната комуникација станува побрза и поефикасна.

Состанокот го завршивме со ветување дека ќе ја продлабочиме меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел да постигнеме конкретни резултати во иднина, во корист на граѓаните“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

притисни ентер