Историскиот воен брод што беше оштетен од невремето, префрлен на солунското пристаниште - Канал 5

Историскиот воен брод што беше оштетен од невремето, префрлен на солунското пристаниште

Силниот ветер и големите бранови во саботата оштетија дел од бродот, а синоќа со помош на реморкери беше пренесен во трговското пристаниште во Солун. 

Историскиот воен брод што беше оштетен од невремето, префрлен на солунското пристаниште

Историскиот воен брод од Втората светска војна, разурнувачот „Велос“, закотвен во Солун, откако во саботата беше оштетен од невремето, веќе е пренесен на солунското пристаниште, каде што ќе се оцени состојбата и големината на штетата, јави дописничката на МИА од Атина.

Силниот ветер и големите бранови во саботата оштетија дел од бродот, а синоќа со помош на реморкери беше пренесен во трговското пристаниште во Солун.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека согласно информациите од надлежното Министерство од силниот ветер бродот удрил во пристаништето при што настанала пукнатина, а воената морнарицата ги презела сите неопходни активности.

-Немаше повредени. Немаше контаминација на околината. И она што можам да го кажам е дека е побарано од солунското пристаниште безбедно место за транспорт на разурнувачот. Доколку тоа не е можно, ќе биде преместен на безбедно пристаниште, рече Маринакис.

Според грчките медиуми, воениот брод бил ставен во функција на 3 јуни 1942 година и 32 години ѝ служел на грчката морнарица во мисии и вежби.

-Станува збор за брод со богата историја бидејќи, покрај службата во грчката морнарица, е и ветеран од Втората светска војна бидејќи беше воен брод што се бореше во операциите на американската морнарица во Тихиот Океан, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Од септември 2019 година „Велос“ беше закотвен во источниот дел на плажата во Солун и ги отвори вратите за посетителите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вратени 20 тони македонски јаболка од бугарската граница

До утре треба да се знае судбината на 20-те тони јаболка што беа вратени од инспекторите на бугарската агенција за безбедност на храна, откако во анализите покажало зголемено присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници.

Вратени 20 тони македонски јаболка од бугарската граница

Јаболката биле откриени во рамки на засилените контроли што бугарските надлежни служби ги спроведуваат на увозеното свежо овошје и зеленчук. Од Државниот инспекторат за земјоделство објаснуваат дека пестицдите во јаболката биле во границите на дозволеното.

„Двата камиона се задржани на македонската граница и дополнително се направени анализи. Од секој производ се зема мостра при извоз така и од јаболката направени се сите испитувања и според податоците нема надимнување на границата на пестициди“.- Државен инспекторат за земјоделство.

Она што на една од мострите на што ги земале бугарските инспектори покажало дека имало над минимално под милиграм над дозволената граница.

Извори за Канал 5 објаснуваат дека можно е да има влијание и политичката состојба, но засега ќе се чекаат уште еднаш официјални резулатати од направените мостри. Пред една година беше вратена зелка од Хрватска, тогашниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски објасни дека по направените испитувања во Македонија воопшто не бил потврден хемиски препарат како што им било кажано на хрватската граница.

Во септември беа вратени пратки пиперки од Хрватска и грозје од Црна Гора заради зголемени пестициди што биле потврдени на тамошните граници. Од државниот инспекторат за земјодлество објаснуваат дека вредностите и дозволените пестициди во Македонија се исти со закондоваствтото за извоз и увоз на храна со другите земји од соседството и со земјите од Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилност

Од шалтерите до дигиталните платформи.. 

Рекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилност

Само во месец октомври преку Националната платформа за интероперабилност, која овозможува сигурна, брза и автоматска електронска размена на податоци и документи меѓу државните органи, институциите и одредени приватни компании, реализирани биле рекордни 20 милиони трансакции, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги ,на порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември“,– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Министерот Андоновски најави дека веќе оваа недела се очекува да биде достапна втората унапредена верзија од апликацијата М услуги со цел поедноставен пристап на граѓаните до електронските услуги.

„Ова е еден почеток, јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот.И драго ми е што над 30 илјади наши сограѓани веќе тоа го препознаваат и се корисници на апликацијата...Тоа се рефлектира и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе сериозно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ -– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

И покрај напредокот на дигитализацијата, готовинското плаќање сè уште има доминантна улога во електронската трговија. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, посочува дека податоците за картичните трансакции даваат само делумна слика за онлајн купувањето, бидејќи не ги опфаќаат плаќањата при достава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови.

Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови

Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка.

Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати.

Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност.

Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски.

-За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски.

Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“

На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи.

Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области:

  • регулаторниот систем и надлежностите;
  • одобрувањето и ставањето лекови во промет;
  • производството, дистрибуцијата и снабдувањето;
  • клиничките испитувања и фармаковигиланцата.

На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци:

Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив;

Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ;

Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите;

Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови;

Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции;

План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД;

Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик;

Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка.

-Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер