МакедонијаМинистерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лековиМинистерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови. Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка. Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност. Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски. -За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски. Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“ На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи. Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области: регулаторниот систем и надлежностите; одобрувањето и ставањето лекови во промет; производството, дистрибуцијата и снабдувањето; клиничките испитувања и фармаковигиланцата. На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци: Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив; Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ; Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите; Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови; Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции; План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД; Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик; Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка. -Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со студено утроВремето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -10 Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -5 Крушево, Берово, -3 Лазарополе, -2 Виница, -1 Струмица, Штип, Прилеп, 1 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Скопје-Петровец, Битола, Велес, 3 Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 20 Лазарополе, 12 Пожаране, 11 Крушево, 10 Попова Шапка, Охрид, 7 Претор, 6 Крива Паланка, Тетово, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 1 Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28