Исчезна кинеска тенисерка, која го обвини вицепремиерот за силување - Канал 5

Исчезна кинеска тенисерка, која го обвини вицепремиерот за силување

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг (35), се најде во центарот на вниманието на јавноста кога го обвини кинескиот вицепремиер дека ја силувал пред една недела.

Исчезна кинеска тенисерка, која го обвини вицепремиерот за силување

За потсетување, таа на популарната кинеска социјална мрежа објави дека била силувана од Џанг Гаоли, еден од најмоќните Кинези, додека неговата сопруга чувала стража. Француски Le Monde ја носи вознемирувачката вест дека Пенг исчезнала.

„Такви остри обвинувања за силување за прв пат се поврзуваат со високи кинески владини функционери “, пишува Ле Монд, додавајќи: „Молкот и прикривањето на младата дама откако излезе во јавност предизвика страв кај луѓето дека нешто и се случило. Една верзија на приказната е дека била принудена да ја напушти земјата, најверојатно во Соединетите држави“.

Кинеската беше најдобра светска тенисерка во двојки, победничка на Вимблдон во 2013 година и Ролан Гарос во 2014. Најдобар пласман во поединечна конкуренција и било 14. место, а моментално е 191. тенисерка на светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Вчера, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. 

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи.

За овие клучни медицински теми, пред присутните говореа еминентни експерти: проф.

д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Посебен белег на трибината остави обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го сподели своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот.

-Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври, соопштуваат од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер