3Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
ЖивотИранските власти пренасочија авион со сопругата и ќерката на поранешниот фудбалер Али ДаеиИранските власти вчера пренасочија патнички авион, спречувајќи сопругата и ќерката на поранешниот фудбалски капитен Али Даеи, кој ги поддржува антивладините протести, да ја напуштат земјата, соопштија државните медиуми во Техеран.Властите му наредија на авионот на „Махан ер“ што полета за Дубаи, да слета на иранскиот остров Киш во Персискиот залив поради тоа што сопругата на Даеи и беше забрането патување во странство, соопшти иранското правосудство. „Навистина не ја знам причината за ова. Дали сакаа да уапсат терорист?“, изјави Али Даеи за новинската агенција ИСНА. Даеи во својата кариера, меѓу другите, играше и за „Баерн“ од Минхен и „Херта“ од Берлин, а откако на социјалните мрежи изрази поддршка за протестите, властите овој месец ја затворија неговата златарница и ресторан. Иран го зафати бран протести откако 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од полицијата поради „несоодветна облека“, почина во полициски притвор во септември. Техаран ги обвини западните земји, Израел и Саудиска Арабија за поттикнување немири, а таквите тврдења беа проследени со апсење десетици лица со двојно државјанство, па така во неделата беа уапсени седум граѓани „поврзани со Британија“. Коментирајќи ги последните апсења, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани, рече дека улогата на Велика Британија во последните настани е целосно деструктивна и оти Лондон ги поттикнува немирите. Групата за човекови права ХРАНА соопшти дека за време на протестите биле уапсени околу 18.500 граѓани, а владини претставници тврдат дека повеќето се ослободени. Покрај апсењата, властите воведоа забрана за патување на десетици уметници, адвокати, новинари и познати личности поради поддршка на протестите. ХРАНА објави и дека до 25 декември биле убиени 507 демонстранти, меѓу кои 69 малолетници, како и 66 припадници на безбедносните сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветБелорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворенаБелорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“. Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор. Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи. Извор: Б92Тагови: белорусија Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветПродолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел АвивАнкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху. Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа. Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.Тагови: Анкара Тел Авив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чВчера (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook