Инспекторите констатирале одредени недостатоци за средбата во Куманово

Вонредниот инспекциски надзор за утврдување дали има прекршување на протоколите околу средбата на владините претставници и локалните власти во Куманово, е завршен на 18 април и констатирани се одредени недостатоци.

Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова – Бухова, која рече дека ДСЗИ може само да апелира и да го потврди фактот дека сите лица мораат да се придржуваат кон препораките на Комисијата за заразни болести односно да се придржуваат кон носење лична заштитна опрема и држење на социјална дистанца.

– Овој предмет е завршен, предаден во МВР и Министерството за здравство, додаде Сотирова – Бухова одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министрите за здравство и за образование и наука, Венко Филипче и Арбр Адеми и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кои присуствуваа на средбата во Куманово, вчера објавија дека нивните тестови за Ковид-19 се негативни. /МИА

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер