МакедонијаКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измениЕврокомесарката за проширување Марта Кос уште еднаш ја повика Македонија да ги спроведе уставните измени но и да гради „доверба„ со сите земји членки на Унијата. Како што потенцираше Кос, државава е една од трите првенци во спроведување на реформската агенда, меѓутоа, без уставни измени, овој напредок не може да се преслика во моментумот за проширување. -Ова бара лидерство и градење доверба со сите наши 27 земји-членки. И ова беше мојата порака минатата недела во Македонија. Кој е тука од Македонија? Добредојдовте. Земја која брзо напредува во реформите на планот за раст и е една од најдобрите во оваа област, но треба да ги донесе договорените уставни измени за да може да внесе иста динамика во преговорите за проширување,- - Марта Кос, еврокомесарка за проширување . Откако вчера заврши крајниот рок за реформите од јунскиот грејс период, Македонија реализираше девет од десетте планирани чекори а изостана реформскиот Изборен законик чија финансиска вредност изнесуваше 4,2 милиони евра. Иако финалната оценка од ЕК за успешноста и квалитетот на завршените реформи се очекува во септември, од Министерството за европски прашања посочија дека заедно со тековниот извештаен период, очекуваат исполнување на вкупно 19 реформски чекори, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра од Планот за раст. Досега, државава има исполнето 22 од предвидените 136 реформски чекори по што се ослободени 142 милиони евра од алоцираните 750 милиони евра за државава преку Планот за раст. Како резултат на реформскиот неуспех на останатите кандидатки, официјален Брисел најави дополнително распределување на средства кон Македонија, Албанија и Црна Гора како земји со најголем реформски напредок, а колкав износ би добила државава ќе се знае кон крајот на месецов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook