Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
2Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
СветНајмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО) Единаесет лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувна во дом за згрижување во Алжир, главниот град на истоимената земја.Цивилната заштита објави дека пожарникарите ја започнале интервенцијата ноќеска во 3:30 часот по локално време, пишува Би-Би-Си. Интервенција на пожарникарите Повеќе од три часа по почетокот на операцијата, пожарот сè уште се гаснел. Десет противпожарни возила и 16 амбулантни возила биле испратени на терен. Властите известија дека за време на интервенцијата, пет лица со посебни потреби биле згрижени и преместени на безбедна локација. 🚨🇩🇿 Tragedy in Algeria A deadly fire tore through a children's care home in Algiers, leaving 11 people dead and 19 injured. 🔥 Firefighters deployed 10 fire engines and 16 ambulances as they battled the flames and carried out rescue operations.#Algeria #Fire #sstvi #FRAESP pic.twitter.com/nIVYs94Xo5 — GlobeUpdate (@Globupdate) July 16, 2026 Посетата на премиерот и контекст на топлотниот бран Алжирскиот премиер Сифи Гриб посети две болници во Алжир за да ги посети повредените во пожарот. Државните медиуми објавија информации за посетата со фотографија од премиерот покрај дете во болнички кревет. Податоците за возраста на жртвите не се објавени. Инцидентот се случил во време кога Алжир е во канџите на топлотен бран. Според извештајот на новинската агенција АФП, во земјата се регистрирани речиси 1.000 пожари за период од една недела.Тагови: Алжир пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ФудбалСелекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се вратиСелекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска. Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории. По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“. Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации. „Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср. „Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот. Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
СветВидео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми Две лица загинале, а 35 се повредени откако дојде до пукање на улична забава во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска локалните власти. Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News). BREAKING: At least 2 dead, multiple others injured in a mass shooting at a Homecoming event in Vienna, Georgia, on Sunday, Oct. 4, 2026, according to local reports. The exact number of injured has not been confirmed. https://t.co/rgpFa26FxU — HINT News (@9415st) October 4, 2026 Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа. Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани. Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето. ⭕ ÚLTIMA HORA: Georgia Tiroteo masivo en Georgia (Estados Unidos) el balance provisional es de 3 muertes y al menos 35 heridos https://t.co/P8QXLRYNYo — isufbenyusuf (@isufbenyusuf) October 4, 2026 Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од ХутитеЈеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија и меѓународно призната, соопшти дека започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите, поддржани од Иран.Вооружените сили на владата ќе продолжат со офанзивата „сè додека земјата не се ослободи од стисокот на терористичката милиција“, изјави јеменскиот претседател Рашад Ал-Алими во телевизиско обраќање. Портпарол на војската подоцна ги повика Хутите да го положат оружјето. Хутите, го држат главниот град на Јемен, Сана, и огромни делови од северозападот, каде што живее поголемиот дел од населението, од 2014 година. Тие досега издржаа серија напади во текот на годините од страна на Саудиска Арабија, Емиратите и нивните западни сојузници, и го осовременија своето оружје со помош на Иран. Движењето минатиот месец започна изненадувачка офанзива со која го освои стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб,на Црвеното море за само неколку недели, давајќи им на Хутите нова предност над меѓународната поморска рута.Тој напредок, исто така, отвори нов фронт во пошироката американско-израелска војна започната во февруари против Иран кои вклучуваа задушување на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54