СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
СветПозната е причината за пожарот во дом за згрижување во Алжир, во кој загинаа 11 лица, меѓу кои и деца (ВИДЕО)Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град Алжир, предизвикан од електрична искра од клима уред, објави денес државната телевизија, повикувајќи се на Службата за национална безбедност.Според службата, клима уредот работел континуирано во соба на првиот кат додека температурите во земјата биле многу високи, објави Ројтерс. Во пожарот се повредени 19 лица, меѓу кои 10 со изгореници, додека пет лица со попреченост се евакуирани, соопшти службата за цивилна заштита. 🇩🇿 Drame à Alger. Un incendie s’est déclaré tôt ce jeudi matin dans un établissement pour l’enfance assistée à Mohammadia, dans la banlieue d’Alger. Le bilan provisoire est terrible : 11 enfants ont perdu la vie et 19 autres ont été blessés. Les secours ont également évacué… pic.twitter.com/pzkRCiHugn — Medz4Pal Backup (@FLYFORPAL) July 16, 2026 Алжир е погоден од силен топлотен бран во последните денови, а цивилната заштита мораше да интервенира на повеќе од 900 пожари низ целата земја од 8 јули.Тагови: Алжир пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАрсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари. Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите. Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРегистриран земјотрес во Србија Земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди околината на Горњи Милановац рано утринава, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија. Според Заводот, земјотресот се случил околу 5 часот и 25 минути, на длабочина од 12 километри. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат поголема материјална штета во епицентралното подрачје. Сепак, жителите на овој дел од Србија го почувствувале потресот – најверојатно оние што биле најблиску до епицентарот – и го коментирале настанот на социјалните мрежи. „Има ли некој буден што се разбудил од земјотресот утрово?“, напиша еден корисник. „Јас бев буден, точно во 5:25“, потврди друг.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter