Освен убавите, Марко не се двоуми да ги сподели и помалку убавите моменти од својот живот за да докаже дека животот не е Инстаграм, и дека е далеку од совршен.
Марко често ја истакнува важноста на неговото семејство, кое е негова најголема поддршка, а неодамна реши сите да ги запишат на хартија своите желби, за да им се исполнат. Но, во меѓувреме дознал дека татко му се бори со рак на белите дробови и покрај лошата здравствена состојба, Марко решил да му ја исполни најголемата желба и да го однесе во Катар на Светското првенство.
-3 дена до натпреварот Србија - Бразил: Тато едвај стои на нозе. Пристигнуваме на консултации и не информираат дека тато ќе мора да оди во болница на зрачење. Во тој момент не го прифаќам фактот дека неговата желба нема да се оствари, а уште помалку дека ја губиме оваа војна. Се осмелувам да ги замолам лекарите да го однесат на Мундијалот, дури и на раце да го носам на стадион.
Докторката се насмевна и му кажа на тато дека оди во Катар, а кога ќе се врати ќе им каже како е, стои дел од емотивната порака што Марко ја напиша под објавата на Инстаграм.
-И еве сме. Успеавме. На татко ми му се исполни детската желба, но и желбата на сите нас. Не се откажувајте кога имате чувство во стомакот дека нешто навистина може да функционира. Понекогаш тоа нешто е и самиот живот, истакна тој.