НаукаИндиските астрономи откриле галаксија слична на Млечниот Пат- стара е 12 милијарди години Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот Пат, која е стара 12 милијарди години, објави денес Би-Би-Си.Индиските астрономи рекоа дека откривањето на оваа галаксија, од време кога нашиот универзум бил стар само 1,5 милијарди години, го предизвикува нашето разбирање за тоа како галаксиите се формирале во раниот период по Големата експлозија. Ова значи дека ако универзумот е стар 13,8 милијарди години, тогаш гледаме галаксија од пред 12 милијарди години, кога универзумот бил само една десетина од неговата сегашна возраст. Иако научниците веруваат дека галаксиите формирани толку рано имаат неправилна форма, индиските астрономи Раши Џаин и Јогеш Вададекар откриле дека галаксијата што ја откриле е во спирална форма и има правилна структура. Нивното истражување е објавено во водечкото европско списание Астрономија и астрофизика. - Галаксијата е извонредно слична на нашиот Млечен Пат, и покрај тоа што постоела кога нашиот универзум бил само 10 проценти од неговата сегашна возраст - рече Вададекар. Галаксијата првпат ја забележал Раши Џаин додека ги разгледувал податоците собрани од телескопот Џејмс Веб, заеднички проект вреден 10 милијарди долари на американските, европските и канадските вселенски агенции. Според податоците од американската агенција НАСА, се проценува дека постојат стотици милијарди галаксии, а многу од нив почнале да се формираат за време на период познат како космичка зора, и биле со неправилна форма и мали по големина. Како што истакна Вададекар, новооткриената галаксија е различна и е околу една третина од големината на Млечниот Пат, а содржи 10 милијарди ѕвезди. - Таа формира нови ѕвезди со брзина од околу 20 до 30 пати побрзо од брзината во нашиот Млечен Пат - рече тој. Откако телескопот Џејмс Веб почна да работи во 2021 година, астрономите откриваат нови и сè подалечни галаксии, објави Би-Би-Си.Тагови: галаксија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈапонија: Најмалку 37 повредени по силен земјотресВо земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што рано наутро ја погоди источна Јапонија, според прелиминарните извештаи, повеќе од 40 лица се повредени во Токио и во соседните префектури, соопштија денеска локалните власти.Според локалните противпожарни служби, повеќе од 20 лица се повредени во земјотресот во градот Саитама, северно од Токио, девет се повредени во Канагава и четворица во префектурата Чиба, објави Кјодо. Водоводна цевка пукна во областа Кото во Токио по земјотресот, што ги натера градските власти да истражат дали штетата е поврзана со земјотресот. Земјотресот што се случи во 2 часот по полноќ, чиј епицентар беше во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од 68 километри, не предизвика цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Поаѓањата на некои железнички линии беа одложени по земјотресот, додека некои возови сообраќаа со намалена брзина. Операторот на линијата Кејсеи, која го поврзува Уено во центарот на Токио со аеродромот Нарита во префектурата Чиба, источно од Токио, рече дека поаѓањата на возот се вратиле во нормала по 9:40 часот по локално време. Некои експресни услуги со кои управува железницата Тобу останаа суспендирани. По земјотресот не се забележани нарушувања во нуклеарната централа Токаи бр. 2 во префектурата Ибараки, ниту во нуклеарната централа Фукушима Даичи и блиската електрана Фукушима Даини во североисточна Јапонија, рекоа нивните оператори. Јапонската премиерка Санае Такаичи на социјалните мрежи објави дека им наредила на официјалните лица да го утврдат степенот на штетата од земјотресот и навремено да ја информираат јавноста. BREAKING 🚨 : Moderate earthquake with a preliminary magnitude of 5.9 rattled eastern Japan, including the Tokyo area, early Sunday, injuring more than 29 people, most of them slightly, officials said. There was no danger of a Tsunami.#Japan #Earthquake pic.twitter.com/adwnlEmRcO — Dr. Kiran J Patel (@kiranpatel1977) August 23, 2026 Метеоролошката агенција ја повика јавноста да остане на будност за земјотреси со јачина од 5 степени по сеизмичка скала во текот на наредната недела, особено во следните два до три дена. Земјотрес од 5 степени, на сеизмичка скала од 0 до 7, агенцијата го дефинира како земјотрес што предизвикува страв и потреба повеќето луѓе да се држат за нешто стабилно, додека предметите може да паднат од полиците. Земјотресот што се случи утринава беше почувствуван во поголемиот дел од земјата, особено на североистокот и во централна Јапонија. Извор: Б92Тагови: земјотрес јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓеПод контрола се ставени двата големи пожари што денеска беснееа на истокот од земјава, кај Бигла делчевско и во околината на Пехчево, кон бугарска граница. Првиот човек на ДЗР Стојанче Ангелов попладнево се сретна со градоначлниците на двете општини. Тие информираа дека во справувањето од пламените јазици и во Бигла и кај Пехчево се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а на терен ангажирани биле над 300 луѓе - локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:00
СветЧамец потона кај Тунис: Осум мигранти пронајдени мртвиТелата на осум мигранти се пронајдени откако чамец потона кај брегот на Тунис, додека уште се трага по шест други. Еден преживеан беше спасен по 48 часа на море.Се вели дека крајбрежната стража, војската и тимовите за цивилна заштита, поддржани од два хеликоптери, продолжуваат со потрагата по исчезнатите мигранти, објави Ројтерс. Чамецот, кој превезувал 15 претежно млади луѓе, испловил рано во четврток и потонал кај брегот на Тунис, а вчера е спасено само едно лице, изјави претходно раководителот на група за права на мигрантите. Преживеаниот талкал по море 48 часа пред да биде спасен од трговски брод. Сите мигранти на чамецот што потона беа од регионот Бен Гердан во југоисточна Тунис, а десетици млади луѓе се собраа доцна во саботата во градот во близина на либиската граница за да побараат од властите да ги забрзаат операциите за пребарување, а полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Централномедитеранската рута од северноафриканскиот брег е една од најсмртоносните миграциски рути во светот, која ја користат мигрантите од Африка и Блискиот Исток кои се обидуваат да стигнат до Европа, честопати во преполни или неисправни чамци. Извор: Б92Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter