Драма во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)
2Драма во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)
3Мицкоски: Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” се зголемува и брои 59 пратеници, ДПТМ се приклучува
Веб ТВИнцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонскотоИнцидентот на Ќафасан ја бранува јавноста: ВЛЕН ја обвинува ДУИ, македонското МНР на средба со албанската амбасада Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЕвропаВонредни мерки во Франција поради екстремните горештини- откажани се јавните манифестации Француската влада денеска за прв пат ќе го активира планот за вонредни состојби ORSEC како одговор на екстремната топлина. Мерката ќе се примени во сите департмани за кои е на сила највисокото, црвено ниво на предупредување поради топлотниот бран и големите горештини, објави портпаролката на владата Мод Брежеон. „Денес ќе го активираме планот ORSEC за екстремна топлина во сите департмани со црвено ниво на предупредување. Ќе отвориме центри за ладење за да се грижиме за најранливите групи“, изјави Брежеон за телевизијата TF1. Нов механизам за цивилна заштита Планот, кој беше презентиран на 2 јули, е дизајниран да организира координиран одговор на сите јавни служби за време на периоди на екстремна топлина. Новиот механизам за цивилна заштита предвидува мобилизација на дополнителни ресурси за време на екстремно високи температури и вклучува мерки за пронаоѓање и помош на луѓе кои живеат сами и изолирани. Девет департмани под црвена тревога Според најновиот извештај од метеоролошката служба Метео-Франс, од денес напладне, девет департмани на западот од земјата ќе бидат под црвено ниво на предупредување. Портокалово предупредување е на сила за уште 72 департмани. Според „Метео-Франс“, се очекува топлотниот бран што ја погоди Франција на 4 јули да трае најмалку до вторник, а ново зголемување на температурите се очекува во недела. Пожари и откажани прослави Продолжените високи температури, исто така, придонесоа за појава на шумски пожари. Во првата недела од јули изгореа 9.921 хектари земја, што е речиси три пати повеќе отколку во истиот период минатата година. Поради високиот ризик од шумски пожари, властите откажаа и неколку огномети планирани за прослава на Денот на Бастилја, меѓу другите во департманите Еро и Ванде.Тагови: горештини Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКинезите успешно лансираа ракета од новата генерација „Долгиот марш“ (ВИДЕО)Кина денеска успешно ја лансираше ракетата-носач „Долгиот марш 10Б“ од Центарот за лансирање Венчанг во јужната кинеска покраина Хајнан .Ова го означи првото контролирано враќање на првата фаза од ракета-носач, што ја претставува иднината на кинеските вселенски летови. Ракетата, во својот прв лет, испрати товар во одредена орбита, објави „Синхуа“. По одвојувањето на првата и втората фаза од ракетата, првата фаза се врати и беше успешно слетана на морска платформа со помош на систем за фаќање мрежа. И лансирањето и враќањето на првата фаза беа успешно завршени. Мисијата го означи првото успешно контролирано враќање на првата фаза од ракета-носач во Кина, за кое „Синхуа“ рече дека е голем пробив во технологијата на ракети за повеќекратна употреба. Ракетата-носач „Долгиот марш 10Б“, нова генерација ракети „Долгиот марш“, има капацитет од 16 тони на надморска височина од 200 километри во ниска орбита и најмалку 11 тони на 900 километри.Тагови: ракета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
БалканДрама во авион од Солун: Се скрши прозорец, на Србин главата му излезе надвор, сопругата го држи за нозете (ВИДЕО)Патниците на летот на „Рајанер“ од Солун до Минхен доживеале драматични моменти откако, според извештаите на грчките медиуми, прозорецот на авионот се скршил за време на летот. По инцидентот, авионот се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун. Според грчките медиуми, декомпресија се случила во кабината, маските за кислород паднале, а патниците се обиделе да го држат човекот кој седел до оштетениот прозорец. Според тие информации, станува збор за 61-годишен државјанин на Србија. Патничка во авионот изјавила за Радио Солун 94.5 дека за време на летот се слушнал силен тресок. „Звучеше како да пукнала гума. Настана паника, луѓето врескаа и лелекаа бидејќи веднаш изгубивме висина поради декомпресија. Во еден момент помислив дека некој случајно го отворил излезот за итни случаи. Сите веднаш ги ставивме маските“, рекла таа. „Главата му беше надвор од авионот“ Истиот патник опишал и драматичен момент со 61-годишен патник кој седел до прозорецот. „Го зграпчија и го држеа. За среќа, не го симна безбедносниот појас. Главата му беше целосно надвор од авионот. Девојките што седеа до него го влечеа. И некои лекари дојдоа да му помогнат“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by RThess.gr (@radio_thessaloniki) Претседателот на грчката федерација на болнички работници ПОЕДИН, Михалис Јанакос, објави дека станува збор за „скоро трагедија“. Според него, телото на мажот завршило делумно надвор од авионот, а неговата сопруга ги држела неговите нозе додека другите патници не успеале да го вратат во кабината. „Во овој момент во болницата АХЕПА се наоѓа 61-годишен Србин со изгореници од триење што ги добил на летот за Минхен. Прозорецот на авионот се скршил, неговото тело излетало во воздух, а неговата сопруга ги држела неговите нозе за да не одлета. Со помош на многу патници, успеале да го вратат во кабината“, напиша Јанакос. Патникот завршил во болница, а бремената жена била прегледана Според информациите што ги објавија грчките медиуми, повредениот патник бил подигнат со амбулантно возило и пренесен во болницата АХЕПА во Солун. Според извештаите, тој претрпел повреда на вратот и изгореници од триење, а во болницата бил свесен. На истиот лет, бремена патничка била префрлена во болницата „Хипократ“ како превентивна мерка. Според достапните информации, на неа ѝ бил направен ултразвук, по што била отпуштена бидејќи не било пронајдено ништо загрижувачко.Тагови: авион Србинот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook